Веќе се ближи крајот на месец април, што значи дека е време за .04 верзијата од најпознатата Linux дистрибуција Ubuntu. Верзијата и името на новата верзија се 19.04 Disco Dingo, а корисниците може да очекуваат повеќе новости.

Главната новост во оваа верзија, која би требало најлесно да се забележи од страна на корисниците е новата верзија од GNOME, поточно 3.32. За потсетување, Ubuntu повторно се врати на оваа десктоп околина по одлуката да престанат со развојот на сопствената Unity.

GNOME 3.32 донесува повеќе новини, а се истакнува и дека имплементацијата на околината е значително подобрена во оваа верзија од Ubuntu. Тоа значи дека корисниците ќе забележат значително подобрување во перформансите, односно брзината и „мазноста“ на работењето, анимациите, како и графичките елементи.

Како и секогаш, оваа верзија донесува и нова позадина, а тука се и новите икони за апликациите, како и новите верзии од апликациите кои доаѓаат прединсталирани со Ubuntu.

Друга новина со Ubuntu 19.04 е вклучувањето на нов кернел, односно Linux Kernel 5.0. Оваа верзија од кернелот доаѓа со поддршка за повеќе монитори и нивните технологии, нови и повеќе графички картички и повеќе.

Сите новини во Ubuntu 19.04 Disco Dingo можете да ги видите одлично објаснети од најдобрите на оваа тема, OMG! Ubuntu, во видеото во продолжение.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2OMG Ubuntu
Претходна статијаGoogle го прикажа изборот од прелистувачи и пребарувачи кои ќе им се прикажува на корисниците од ЕУ
Следна статијаСтарт менито е издвоено како посебен процес во најновата верзија од Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.