Twitter Blue може да се каже дека е во центарот на вниманието на Елон Маск по купувањето на Twitter минатата година. Претплатата која порано само вклучуваше одредени предности во споредба со „обичните“ корисници, по ново ја вклучува сината ознака, нешто што направи доста забуна и проблеми, па Twitter Blue мораше да се одложи.

Претплатата беше пуштена при крајот на минатата година, а сега истата им е достапна на сите корисници во светот. Чини 8 долари месечно, односно 7 доколку се плати веднаш целата година, но цената е повисока доколку се направи претплатата преку мобилните, поради процентот кој го зимаат Apple и Google.

Тоа што го добиваат претплатниците на Twitter Blue вклучува сина ознака, приоритет при рангирањето во разговорите, половина од рекламите кои се прикажуваат, подолги објави, Bookmark папки, посебен начин на навигација, измена на објавите, враќање на објавите и повеќе.

Сепак, дел од овие можности не се пуштени, па стои дека наскоро ќе бидат, а ќе видиме колку време ќе се чека за истите.

Една од поважните функции на Twitter Blue е приоритет при рангирањето на објавите, нешто за кое Маск тврди дека ќе биде клучно во борбата со спам објавите.

Претходна статијаWhatsApp за Windows надградена со подобрени перформанси и поголеми групни повици
Следна статијаHuawei Mate X3 e потенок, полесен и целосно редизајниран уред на преклоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.