Во мај минатата година претседателот на САД, Доналд Трамп, донесе извршна наредба со која им се забрани на американските компании да соработуваат со компаниите кои се ставени на листа на компании кои претставуваат опасност по националната безбедност на земјата.

На оваа листа беа ставени двете познати кинески компании Huawei и ZTE, а резултатот од тоа беше поголем од само забрана за користење на телекомуникациската опрема од овие компании.

Главниот проблем кој произлезе од настанатата ситуација беше бизнисот со мобилни на Huawei поради неможноста од компанијата да користат американски производи, а тоа покрај хардвер вклучува и софтвер. Ова е причината зошто новите телефони од Huawei доаѓаат без сервисите и апликациите од Google, односно на нив ја нема Play Store продавницата, како и Gmail, Google Maps, YouTube и другите апликации од Google.

Телефоните продолжија да функционираат на Android, но тоа е само поради тоа што софтверот е со отворен код и секој којшто сака може да го користи и изменува.

Оваа недела Доналд Трамп ја продолжи својата извршна наредба за уште една година, што значи дека ситуацијата каква што е сега ќе продолжи и во наредните година дена.

Главната причина за ова се гледа во трговската и политичка „војна“ која се води помеѓу САД и Кина, а Huawei се обвинува за, кратко кажано, овозможување на шпионирање од страна на кинеските власти преку телекомуникациската опрема од компанијата.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРамстор Мол започнува со работа од утре
Следна статијаCity Radio приредува карантинска забава во Зелената градина на кровот од ГТЦ со најдобрите диџеи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.