Shutterstock.com

За време на Г20 самитот којшто се одржа овој викенд во Токио, американскиот претседател Доналд Трамп, по разговорите со кинескиот претседател, истакна дека веќе нема да се воведуваат нови тарифи за производите помеѓу двете земји, но уште поважно, тој даде информација поврзана со Huawei.

Според тоа што можеше да се заклучи од дадените изјави, изгледа дека во овој момент трговската „војна“ помеѓу двете земји се намалува и двете страни се обидуваат да ја завршат. Тоа и не е чудно со оглед на големите економски импликации на компаниите од двете земји, па јасно беше дека сепак ќе биде изнајдено некое решение.

Инаку, Huawei, по подолг период на „најави“, беше ставена на листа на компании кои наводно ја загрозуваат националната безбедност на САД. Поради тоа, на американските компании им беше забрането да соработуваат со Huawei, што претставуваше сериозна закана за бизнисот со смартфони и компјутери на оваа компанија. Тие, доколку останеше забраната, немаше да можат да го лиценцираат Google делот од Android, да купуваат чипови за нивните уреди и други слични ситуации.

Трамп истакна дека планира да ја тргне забраната со која американските компании не можеа да соработуваат со Huawei, иако ќе треба да видиме кога тоа ќе стане официјално. Тоа значи дека Google и останатите ќе можат да продолжат најнормално да работат со Huawei, а за истото тие и лобираа кај американските власти. Очекувано, со оглед на огромниот бизнис којшто би го изгубиле доколку не можат да ги задржат Huawei како клиент.

Тоа што нема да биде променето, барем на во оваа фаза од преговорите, е забраната која е поврзана со бизнисот со 5G и други мрежи од Huawei. Тука е и најголемото обвинување на САД кон оваа кинеска компанија, односно дека користењето на мрежна опрема од Huawei ги изложува корисниците на потенцијално шпионирање од страна на кинеските власти. Huawei ова секако во повеќе наврати го негира.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei ја освои наградата „најдобар смартфон“ на European Hardware Awards 2019
Следна статијаЕвропскиот конкурент на Google, Qwant, претстави конкуренција и на Google Maps
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.