Meta ја пушти својата најнова апликација, директен конкурент на Twitter, минатата недела и Threads веќе ја користат повеќе од 100 милиони корисници. Во голем дел ова може да се препише на поврзаноста на апликација со Instagram, а апликацијата функционира со сметките од оваа мрежа, па дури и бришењето на Threads е поврзано со бришење на Instagram сметката.

Ова и уште неколку други фактори се причината зошто Threads не беше и уште не е пуштена во земјите од Европската Унија. Познато е со години веќе дека од унијата се доста строги кога се во прашање законите и правилата поврзани со приватноста на корисниците, па после познатиот GDPR, донесени беа и Digital Services и Digital Markets Acts.

За ЕУ е проблем поврзаноста на Threads со Instagram, а овој проблем од унијата го имаат и за останатите апликации од Meta. Во основа, од унијата не сакаат големите компании кои имаат повеќе сервиси, да ги користат податоците од корисниците во комбинација од тие сервиси.

Дека апликациите од Meta собираат огромен број на информации од своите корисници е познато одамна, а по неколкуте познати „афери“, стана јасно и дека тие не се баш одговорни со тие податоци.

Кај Threads една од работите која привлече внимание е собирањето на податоците од фитнес информациите за корисниците, нешто што навистина не е јасно зошто една ваква апликација би требало да го прави.

Друг дел од новите закони во ЕУ кој потенцијално може да направи проблем е промоцијата на Threads со искористување на другите мрежи од Meta, нешто што би и дало на новата апликација голема предност.

Новите закони треба да почнат да се применуваат од оваа есен, па компаниите ќе добијат подобра претстава што точно би требало да направат за да ги почитуваат. Казните кои се предвидени со овие закони се прилично високи, а одат и до 10% од годишните приходи на компанијата.

Претходна статијаWinamp започна со тестирање на својата мобилна апликација
Следна статијаКои филмови да ги гледате кога надвор е жешко? Еве неколку предлози од Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.