BlackBerry веќе одамна не е брендот што беше пред појавата на паметните телефони. Со договорот да кинескиот TCL почне да ги дизајнира и произведува новите паметни BlackBerry телефони се врати надежта дека можеби пазарот ќе види уште еден сериозен играч.

Сепак, иако во изминатите 4 години беа претставени неколку телефони кои беа прилично нестандардни и ја задржаа познатата BlackBerry тастатура, добро имплементирана во Android телефон, овој бренд не успеа ни приближно да ја добие саканата популарност.

Оваа недела кинескиот TCL објави дека тие веќе не планираат да дизајнираат и произведуваат телефони со брендот на BlackBerry. Оваа соработка со канадската компанија ќе престане до август ова година.

Корисниците на некој од телефоните ќе продолжат да добиваат поддршка до крајот на август идната година, но после тоа сепак би било пожелно да купат некој друг телефон.

Не е точно познато што значи ова за брендот. Дали канадската компанија ќе побара друг производител кој би произведувал телефони или едноставно ова е крајот на BlackBerry. Со оглед на тоа што продажбата на овие телефони е доста слаба, тешко дека друг производител би можел да направи некоја разлика за зголемување на истата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаУметник од Берлин користејќи 99 мобилни телефони покажа како може да се излажат Google Maps
Следна статијаНови ознаки на горивата во ЕУ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.