Македонски Телеком, како дел од Групацијата Дојче Телеком, е посветен на зголемувањето на 5G поврзаноста за своите корисници, без разлика дали станува збор за инвестиции во инфраструктура, обезбедување мрежа, развој на тарифи или достапност на уреди.

Покриеноста со 5G која до крајот на годината ќе биде 70% нè доближува до вистинска дигитална иднина. Пропусниот опсег и неверојатните брзини од петтата генерација на технологии овозможуваат моментален и постојан пристап до сите потребни ресурси за поврзан живот. И додека 5G мрежата станува широко достапна, растечкиот јаз меѓу оние кои можат и оние кои не можат да си дозволат уреди со 5G сè повеќе се зголемува.

Лансирањето на новиот T Tablet со достапна цена ќе и овозможи на пошироката популација пристап до можностите кои ги отвора 5G технологијата на повеќе полиња, од забава до образование.  

Уредот има екран од 10,4 инчи, со можност за eSIM, предна камера од 8 MP и опција за складирање од 128GB или 2TB со Micro SD.

T Tablet, исто како T Phone, е резултат на партнерството на Дојче Телеком со Google, креиран за да обезбеди 5G пристап за секого – и е беспрекорна комбинација на хардвер, софтвер и мрежа. Уредот вклучува пристап до Google Kids Space, Google Entertainment Space и како дополнителна придобивка, 100GB простор за складирање на облак на Google One, во пробен период од три месеци.

„Горди сме што новиот Т Tablet се приклучува на семејството 5G уреди достапни за секого, заедно со T Phone и T Phone Pro. Со овие уреди, сè повеќе наши корисници можат да уживаат во безбројните можности на нашата 5G мрежа којашто постојано се шири. Посветени сме да ги поврземе сите и секаде, не само со најдобра мрежа, туку и со достапни уреди, затоа што веруваме во еднакво дигитално општество и широка употреба на технологијата“.  – изјави Емилија Андоновска, Главен директор за приватни корисници.

Заедно со воведувањето на новиот T Tablet, Македонски Телеком ги претставува и новите надградени модели на T Phone и T Phone Pro: со нови бои – „Месечево сина“ (T Phone Pro) и „Прашливо сива“ (T Phone), двојно повеќе ROM меморија, NFC на T Phone, надградена предна камера на T Phone и Android 13 на двата уреди.

T Tablet и новите надградени модели на T Phone и T Phone Pro, исто така по достапни цени, ќе бидат во продажба од 24 август, заедно со низа нови додатоци од брендот Т, како што се футроли за телефони со заштитно стакло или безжични слушалки со функција за активно поништување на шум.   

Претставувањето на овие 5G уреди на македонскиот пазар е дел од планот за воведување меѓународни производи  на пазарите каде што е присутен Дојче Телеком  –  кои освен во Македонија ќе бидат достапни и во: Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Словачка и САД.

Целосни спецификации

Т Tablet
Екран10,36” FHD; 2000×1200; 60Hz; 15:9 сооднос
Задна камераЗадна страна: Систем со двојна камера 8MP главна + 2MP длабочина
Предна камераСелфи камера од 8MP
Дигитално зголемувањеДа
ГолеминаЕкран од 10,4 инчи
Резолуција2000*1200, ~ 220ppi
Процесор и чипсетMediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz
Оперативен системAndroid 13
БојаТемно сива
Батерија7000 mAh
Батеријата може да се замени
RAM/ROM6GB/128GB (Micro SD 2TB)
LTE DL/UL390/150
5GДа
VoLTE и VoWiFiне (нема гласовна поддршка)
WIFIWiFi 5
NFCНема
BT5.1
МодемMT6833
Брзо полнење15W (5V3A)
SIM/MCДвојна SIM; eSIM+ Нано SIM + Микро SD слот
AOB2 ажурирања на Android оперативен систем 4 години одржување на софтверска поддршка (MR) 3 години месечно Google SMR, 4-та година квартални SMR
Димензии157,1 * 247,6 * 7,85 mm
Заштита од вода и прашинаIP 52
Тежина488 грама
Надградени карактеристики во споредба со изданието од 2022 година означено во магента боја:
  T PhoneT Phone Pro
Екран6,52 “ HD + w/2,5D стакло6,82 “ HD + w/2,5D стакло
КамериЗадна страна : 50MP, 2MP, 2MP + LED Предна страна: 8MP 2K @ 30 fps видеоЗадна страна: 50MP, 5MP, 2MP, 2MP Предна страна: 16MP 2K @ 30fps видео
Дигитално зголемувањеУредите поддржуваат дигитално зголемување и има посебна макро камера на двата уреди.
Меморија4GB RAM / 128GB ROM / до 2 TB SD картичка6GB RAM / 256GB ROM / до 2 TB SD картичка
Батеријаод 4500 mAh / 26 часа VoLTE време за разговород 5000 mAh / 25 часа VoLTE време за разговор
Батеријата може да се замени
SIM/MCSIM + MCSIM + MC
БезбедностОтклучување со лице, сензор за отпечаток од прстОтклучување со лице, сензор за отпечаток од прст
Заштита од вода и прашинаIP52IP52
NFC/BluetoothДаДа
Безжично полнењеНемаДа, 10W
Брзо полнењеДа, 15WДа, 15W
Оперативен системAndroid 13Android 13
ЧипсетMediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHzMediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz
Аудио квалитетДвата уреди поддржуваат спецификации за HD Voice и EVS квалитет.
БоиПрашливо сиваМесечево сина
Димензии166,6 X 76,4 X 8,76 mm173,92 X 77,4 X 8,99 mm
Тежина195 грама214 грама
Може да се поправиДаДа
Претходна статијаАпликацијата Beeper овозможи корисниците на iPhone да комуницираат со корисниците на Android преку RCS протоколот од Google
Следна статијаGoogle Chrome ќе ги известува корисниците доколку користат малициозен додаток