Кога првпат ја видов веста, ми изгледаше ко епизода од “Рипли – Верувале или не”. Руски тинејџер по име Алексеј Дербилов, на 19 годишна возраст скокна на шините, неколку секунди пред да помине возот на нив. Според неговата изјава, целиот потфат (ако може ова воопшто така да се дефинира) го направил за да привлече внимание на социјалните мрежи. Всушност, кога ќе размислам, веќе не сум сигурна што ме шокира повеќе: дали неговото фрлање под возот или тоа што целата работа ја следел неговиот пријател кој го снимал видеото за да го прикачат на Интернет? М?

На видеото се гледа како Алексеј скока во дупка под шините и како ја покрива неговата глава со рацете. Во меѓувреме, некоја жена вика по него, секако, за да го спречи во лудото однесување во кое да постоеше барем мало невнимание, целата работа можеше да заврши многу трагично.

Познато е дека луѓето сакаат да бидат забележани, па честопати гледаме постирање во текот на денот повеќе пати, разни постови нашминкани со милион хештази и стикери. Социјалните медиуми се појаки од било кога и задоволството да бидеш следен или гледан очигледно веќе не е за потценување. Во последните години, со развојот на технологијата и појавата на најразличните гаџети, стана неверојатно лесно да го снимите секој интересен личен момент и да го споделите онлајн со останатите. Со тоа се популаризираше влогирањето и можете да забележите се’ поголем број на инфлуенсери кои прават најразноразни видеа за да и’ бидат интересни на публиката за гледање. Прашањето е: на што се’ е спремен некој само за да биде актуелен и интересна тема за муабет? Дали видеото на Дербилов е врвот или допрва ќе гледаме уште вакви видеа каде буквално луѓе ќе си го ризикуваат животот за најразноразни ситници ко број на следбеници на пример?

Имам гледано најразновидни предизвици каде јадеш лута храна, погодуваш песни, кажуваш тајни на камера, се облекуваш во облека од спротивниот пол…но фрлање под воз? Сериозно?

Што мислите вие?

Претходна статијаИван Чорбев, декан: Нашите студенти лесно и брзо се вработуваат во македонски и познати светски компании
Следна статијаНа 6-ти мај Скопје ќе бие во ритамот на Виз Ер Скопски маратон