Valve оваа недела официјално ја пушти новата верзија од нивната Steam десктоп апликација. Новата верзија беше тестирана во бета форма одреден период, па сега е подготвена за сите корисници.

Како што нагласуваат од компанијата, иако има освежување на корисничкиот интерфејс, сепак главната новина доаѓа во позадината, односно во кодот на апликацијата. Оваа промена ќе овозможи пред се пуштање на новините на сите достапни платформи во исто време, вклучувајќи го и уредот од компанијата Steam Deck.

Сепак, промените не се само заднински, па корисниците добиваат неколку новини кои ќе можат да ги забележат.

Корисничкиот интерфејс не е драстично променет, но затоа е освежен, со нови бои, нови фонтови, менија и слично. Промена има и во делот за известувања, па покрај променетиот дизајн на менито, иконата сега ќе ја менува својата боја само кога се достапни нови известувања.

Редизајн има и во картичките со информации кои се појавуваат за време на играњето на игри, поточно со кратенката „Shift + Tab“. Додадена е нова лента преку која ќе може да се бираат саканите картички, а истите ќе може и да се прикачат за секогаш да се појавуваат.

Како целосно нова функција која доаѓа со новата верзија од Steam е Notes. Корисниците ќе можат да запишуваат белешки додека ги играат игрите, а истите ќе им бидат достапни на сите уреди. Белешките ќе може да содржат текст и слики.

Корисниците на Mac и Linux добиваат поддршка за функцијата „hardware acceleration“, со што од Valve најавуваат подобра работа на апликацијата, со побрзи анимации и генерално функционирање на апликацијата.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Valve
Претходна статијаЕУ се’ уште не го дозволува пуштањето на Google Bard во Европа поради GDPR
Следна статијаGalaxy Buds2 Pro донесуваат подобрен амбиентален звук (Ambient Sound) за лицата со потешкотии при слушањето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.