seeu-franck

Во организација на SEEUTechPark, технолошкиот парк во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во текот на утрешниот ден ќе се одржи работилница наменета за стартап компаниите од Македонија.

Студентите од универзитетот, но и сите други заинтересирани ќе можат да го посетат настанот на којшто главниот учесник ќе биде ко-основачот на StartUp Weekend Franck Nouyrigat.

Тој во рамките на работилницата ќе им овозможи на сите учесници да добијат повеќе информации и искуство поврзани со развојот на своите стартапи. Тоа подразбира одредување на главните фактори во работењето, прифаќање на главните пречки коишто сигурно ќе се појават во текот на работењето, како и тренинзи и насоки за бизнис идеите.

Работилницата ќе се одржи утре во просториите на SEEUTechPark со почеток од 10 часот, па до 13. Заинтересираните можат да ги добијат потребните информации преку следниот линк од настанот.

Franck Nouyrigat е еден од основачите на StartUp Weekend, одлично замислен настан на којшто во период од неколку дена сите луѓе со идеја за стартап имаат шанса да ја презентираат истата. Овој настан се одржува повеќе од 130 земји, меѓу кои и нашата.

Вакви настани можеме да видиме се почесто во нашата земја, што е добар знак. Луѓето, а посебно младите се креативни, ентузијасти и имаат полно идеи за развој на одреден бизнис, наместо добро познатата амбиција за сигурно вработување во државната администрација.

Претходна статијаАстронаутот Скот Кели на Вселенската Станица „убивал вонземјани со HoloLens“
Следна статијаAlcatel One Touch GO PLAY е смартфон од средната класа, отпорен на вода и удари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.