Apple, поточно WebKit тимот, официјално ја најавија третата верзија од „бенчмарк“ алатката за интернет прелистувачите, Speedometer 3.0. Најновата верзија, како што беше најавено во 2022, е развиена во соработка со повеќе компании, а не само Apple и Google.

Speedometer 3.0 алатка е развиена во соработка со Apple, Google, Mozilla, Microsoft, Intel и уште неколку компании, а тоа значи дека истата е направена специјално за трите најголеми веб технологии, WebKit, Blink и Gecko.

Оваа верзија од Speedometer донесува и новини во начинот на мерење која е повеќе прилагодена за денешната состојба на интернетот, како што истакнуваат од Apple.

Техничките детали се добро објаснети во објавата од WebKit тимот, а истата е достапна тука.

WebKit тимот ја пушта првата верзија од Speedometer во 2014 година, а во 2018 се започнува со соработка со Google. Најновата верзија ја носи оваа соработка на наредното ниво со вклучувањето и на технологијата на Mozilla, третата технологија која се користи.

„Денешното издание на Speedometer 3.0 означува голем чекор напред во тестирањето на перформансите на веб-прелистувачот. Ја подобрува точноста на мерењето и ги мери перформансите на широк спектар на содржини.“ – истакнуваат од WebKit.

Тест алатката е достапна на страната на BrowserBench, односно на овој линк.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2BrowserBench
Претходна статијаМакедонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: Да направиме место за емпатија, разбирање и блискост
Следна статијаChrome ќе овозможи инсталирање на секоја веб страна како веб апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.