По „стапките“ на Nintendo, Sony денес ја претстави нивната ретро играчка конзола, направена според првата PlayStation конзола, соодветно наречена PlayStation Classic. Оваа конзола на корисниците ќе им стане достапна од декември, а со неа ќе добијат вклучени и 20 игри, како Final Fantasy VII, Jumping Flash, Ridge Racer Type 4, Tekken 3 и Wild Arms.

Изгледот на конзолата е скоро идентичен на таа од пред 25 години, со единствена разлика во големината која кај сегашната конзола е за 45% помала, што ја прави покомпактна.

Со конзолата доаѓаат и два контролери, се разбира направени во стилот на старите контролери кои доаѓаа со првата конзола од Sony од пред 25 години.

Корисниците ќе можат да ја поврзат новата конзола на денешните телевизори благодарение на HDMI портата, како и кабелот кој доаѓа во пакетот.

Носталгичните гејмери, кои некои од своите први искуства ги имале на оваа конзола, сигурно би сакале да ја купат и да се присетат каква беа игрите во тоа време.

Инаку, PlayStation Classic ќе се продава по цеа од 99 долари, барем во САД и Канада, но треба да биде достапна во целиот свет. Точната дата кога ќе стане достапна е 3 декември оваа година.

ИЗВОРSony
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаAudi официјално го претстави e-tron, целосно електричен SUV автомобил
Следна статијаПрвиот воз кој работи на водородни ќелии пуштен во употреба во Германија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.