Sony конечно излезе со информацијата кога нивната најнова конзола ќе стане достапна, а и поважно, која ќе биде цената. Како што се очекуваше, Sony PlayStation 5 доаѓа во две различни верзии, па со тоа на корисниците ќе им бидат достапни и две различни цени.

За разлика од Xbox и одлуката на Microsoft да претстави целосно различни две конзоли, Sony се одлучи да двете верзии ги имаат истите карактеристики, а се разликуваат само по начинот на пуштањето на игрите, односно едната верзија доаѓа со Blue-ray читач, а другата е само дигитална.

Цената на стандардната верзија, односно таа со Blue-ray читач ќе биде 499,99 евра, додека на Digital Edition ќе биде за 100 евра пониска и ќе се продава за 399,99 евра. Секако, ќе треба да почекаме дали овие цени ќе важат и во нашата земја.

Инаку, официјалната продажба на PlayStation 5 започнува од 12 ноември во САД и уште неколку други земји, додека во целиот свет ќе започне недела дена покасно, односно од 19 ноември.

Microsoft исто така го најави почетокот на продажбата на Xbox Series X и Xbox Series S, а овие две конзоли ќе се разликуваат и по „јачината“ покрај по достапноста на Blue-ray читач. Xbox Series X ќе се продава по цена од 500 долари, што значи дека Sony избра да иде со истата цена, додека Xbox Series S ќе има цена од 300 долари.

Јасно е дека Xbox Series S мора да биде поевтина од конкурентната верзија кај Sony затоа што оваа конзола ќе има и послаби карактеристики, односно не е само Digital верзија.

Sony, односно PlayStation 5 тука добива голема предност, односно корисниците ќе ја добијат истата конзола за 100 евра помалку, додека кај Microsoft ќе мора да се помират и со послаби перформанси.

Претходна статијаChallenger – мобилна апликација која те наградува додека пешачиш и трчаш
Следна статијаApps функцијата на Your Phone достапна за повеќе Samsung телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.