touchid_hero_large

Заштитата на податоци со користење на отпечатоците е нешто што станува доста популарно и е технологија која што одамна ја гледаме по филмовите и чекавме кога ќе биде достапна. Истата треба да биде доста посигурна за разлика од користењето на лозинки и слични методи на заштита.

Меѓутоа, како и секоја друга технологија, така и оваа не е 100% сигурна, па не е воопшто чудно што можеме веќе неколку пати да прочитаме за нејзино пробивање. Тоа не значи дека истата не е безбедна, само покажува дека безбедноста на важните податоци е нешто што треба да се земе како сериозно и секогаш да се има на ум дека доколку некој сака, може да ја пробие секоја заштита. Користењето на отпечатоците од прстите како технологија за заштита останува добар додаток, посебно доколку се користи како дополнителен слој на заштита, а не како единствен.

Досега кога ќе прочитавме за пробивање на нечија заштита која што се базира на отпечатоци од прсти, обично тоа било направено преку доаѓање до отпечатокот на корисникот на некаков начин. Тоа може да се направи преку поставување на проѕирна лента на која што корисникот ќе притисне или истата ќе биде притисната на некое место каде што се наоѓа отпечатокот.

Европската хакерска група Chaos Computer Club, тврди дека има успеано да рекреира отпечаток од прст без пристап до истиот. Тие тоа го имаат направено користејќи слика од прстите на корисникот, по што со софтвер се постигнува рекреирање на отпечатокот.

Тестот на тоа што го тврдат е направен со користење на слика од весниците на политичар во Германија. Од сликата тие тврдат дека успешно го имаат рекреирано отпечатокот и дека истото може прилично лесно да се направи за било кој корисник доколку може да се сликаат неговите прсти.

После овој разговор, политичарите ќе носат ракавици кога држат јавни говори – изјави еден од членовите на хакерската група.

Оваа информација само покажува колку секоја технологија денес е подложна на пробивање. Од неа секако не треба да се помисли и зкалучи дека користењето на отпечатоците на прстите како начин на автентикација е помалку сигурно од другите начини. Како што тоа е и сега правило, достапните начини на автентикација е најдобро да се користат во комбинација за намалување на шансите на нивно пробивање.

Извор: CCC, Engadget, VB

Претходна статијаСпоред Брајан Грин паралелните светови постојат и наскоро ќе можат да се потврдат
Следна статијаMicrosoft наводно работи на посебен прелистувач за Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.