Како што беше најавено во март оваа година, Skype од мај 2025 година престанува да функционира. Оваа одлука не доаѓа како изненадување со оглед на тоа што тоа требаше да се случи пред неколку години, но популарноста на видео повиците во 2020 година, го одложи крајот на Skype.
Како што би очекувале, Microsoft ќе ги префрли корисниците на нивниот Teams сервис, каде што повеќето функции, па и дополнителни, ќе им бидат достапни на корисниците.
Покрај некои мали разлика, повеќето корисници сепак не би требало да забележат некоја огромна разлика помеѓу Skype и Teams, а посебно што Microsoft направи доволно големи промени на Skype од кога го купи во 2011 година.
Како што беше најавено, корисниците ќе можат да се најават со истата сметка која ја имаат користено за Skype на Microsoft Teams, а со тоа ќе им се префрлат разговорите и повиците.
Корисниците дури ќе можат да продолжат да ги користат своите претплати и минути кои им биле достапни на Skype за познатите повици кон телефонските броеви.
Истото ќе може да се прави преку Skype Dial Pad функцијата достапна преку веб на оваа адреса, како и преку Microsoft Teams.
Skype беше претставен во 2003 година и долго време беше дефиниција за видео повици, пред појавата на конкурентните апликации, а слободно може да се каже и постепеното уназадување од страна на Microsoft.
Иако бројот на корисници на Skype е доста намален во споредба со порано, сепак сервисот останаа да го користат не толку малу од нив. Ќе видиме што тоа ќе значи за зголемување на бројката на корисници на Teams.