Според најновите информации, Apple планира значителни подобрувања кај екраните на своите идни iPhone 17 модели. Се очекува сите уреди од оваа серија да бидат опремени со LTPO OLED панели, овозможувајќи ProMotion технологија со стапка на освежување до 120 херци, што досега беше резервирано само за Pro и Pro Max моделите.
Засега не е целосно познато дали стапката на освежување би одела до 120 херци кај сите модели, но сепак се верува дека оваа карактеристика веќе нема да биде една од поголемите разлики помеѓу основните и Pro моделите.
Оваа промена значи дека корисниците на стандардните iPhone 17 и iPhone 17 Plus ќе уживаат во помазно „скролање“, подобрено визуелно искуство и потенцијално подолг век на батеријата благодарение на адаптивната стапка на освежување.
Покрај подобрените екрани, се очекуваат и други надградби, како што се помали Face ID сензори, Dynamic Island и различни конфигурации на RAM меморија – 12GB за Pro моделите и 8GB за стандардните и Slim верзијата, која се шпекулира дека ќе го замени Plus моделот.
Иако овие информации се базираат на шпекулации и неофицијални извори, тие сугерираат дека Apple планира да ги унапреди своите идни уреди со функции кои претходно беа ексклузивни за повисоките модели, што би можело да ја направи целата iPhone 17 серија поатрактивна за пошироката публика.