Ѕвездата TRAPPIST-1 се наоѓа на помалку од 40 светлосни години оддалеченост од нас. Во нејзиниот систем првично беа откриени три планети, кои орбитираа премногу блиску до ѕвездата за да постои можност на нив да има услови за живот. Сепак после овие три планети се откриени уште четири во истиот систем, кои се на поголема оддалеченост од ѕвездата за разлика од првите три. Таа оддалеченост прави три од овие четири планети да бидат погодни за живот или барем да имаат потенцијал за такво нешто. Инаку сите седум планети се големи приближно колку земјата.

TRAPPIST-1 системот го добил името според првиот телескоп кој успеал да го открие овој систем. Истовремено тоа е име на познато белгиско пиво. Овој телескоп се наоѓа во пустината Атакама во Чиле. Вториот телескоп кој се вклучил во набљудување на овој систем се наоѓа во Мароко. Овие два телескопи ја набљудувале орбитата на третата планета (по оддалеченост од ѕвездата) наречена TRAPPIST-1d, за која се мислело дека е и последна во овој систем. Потоа кон овие два телескопи се приклучиле уште и UKIRT кој е сместен во Хаваи, William Herschel и Liverpool од Ла Палма Шпанија, и телескоп од Јужно Африканска астрономска обсерваторија, за на крај на сцена да стапи Spitzer од NASA.

Овие седум планети коишто досега се откриени, можеби и не се единствените во овој систем. Тоа што досега се знае е дека најмалата од нив е 75 проценти од големината на Земјата, додека пак најголемата е 113 проценти. Што се однесува пак до масата на овие планети, најголемата е 1.4 пати од планетата Земја, а најмалата е 0,4 пати од земјината маса. Според истражувачот Amaury Triaud, во наредната декада ќе дознаеме дали има живот на овие планети.

Извор: Arstechnica

Претходна статијаНовиот кампус на Apple налик вселенска чинија официјално именуван Apple Park
Следна статијаТехнологијата конечно може да им помогне на слепите да гледаат