Во текот на вчерашниот ден Samsung во Париз организира панел дискусија на која од неколку експерти на темата се говореше за вештачката интелигенција. Тема која е доста актуелна, а и интересна за нас изминатиот период, па можноста да се присуствува на оваа дискусија беше одлична можност. 

Дискусијата беше поделена во три дела, односно пристап кон мобилната вештачка интелигеција насочен кон луѓето, иновација водена од отворена соработка и посветеноста на Samsung за развојот на ВИ на безбеден и инклузивен начин. 

Говорници на панел дискусијата беа следните:

  • Др. Вон-џун Чои – Извршен потпретседател и главен на канцеларијата за истражување и развој кај мобилните, Mobile eXperience Business, Samsung Electronics
  • Др. Даехјун Ким – Извршен потпретседател и главен на Истражувачкиот глобален центар за вештачка интелигенција на Samsung, Samsung Electronics
  • Дон Мекгваер – Виш потпретседател и главен маркетинг директор, Qualcomm Technologies
  • Џени Блекбурн – Виш потпретседател за корисничко искуство во Gemini Experiences и Google Asistant, Google
  • Др. Крис Брауер – Директор за иновации во Institute of Management Studies, Goldsmiths, University of London и главен директор за иновации, Symmetry
  • Карин Персет – Главна на ВИ единицата и OECD.AI, OECD Digital Economy Policy Division
  • Модератор, Каролина Миланеси – Главен извршен директор и основач, Heart of Tech / Претседател, Creative Strategies

Како што може да се види, на панел дискусијата беа искусни учесници кои се експерти во своите области и областите поврзани со темата, односно со вештачката интелигенција. 

Еден од клучните заклучоци на дискусијата, а кој беше донесен врз основа на истражување кое беше направено во соработка помеѓу Samsung и Др. Крис Брауер, е задоволството и квалитетот на користење од страна на корисниците кои се активни корисници на новите функции со вештачка интелигенција. 

Активните корисници на вештачката интелигенција имаат 1,4 пати повеќе шанса да пријават позитивно искуство и подобрен квалитет на корисничкото искуство во споредба со корисниците кои поретко ги користат овие нови функции и алатки. 

Дополнително и интересно, овие корисници пријавуваат дека се повеќе продуктивни, дека се чувствуваат финансиски безбедни и почесто ја користат својата креативна страна.

„Ова е прв пат компанија како Samsung да направи истражување на академско ниво за да ги разбере потенцијалните врски помеѓу употребата на мобилна вештачка интелигенција и квалитетот на животот. Она што го прикажуваме денес е само слика. Тоа е првата фаза на истражување и разбирање на врската помеѓу вештачката интелигенција и индикаторите за кои знаеме дека имаат поврзаност со квалитетот на животот на една личност. Клучните показатели што ги разгледавме беа креативноста, продуктивноста, физичкото здравје и социјалните односи. Она што го откривме дава многу јасен показател за огромниот потенцијал што им претстои на корисниците на вештачка интелигенција“. – Д-р Крис Брауер, Голдсмит, Универзитетот во Лондон.

Интересна беше и дискусијата која ја имаше маркетинг директорот на Qualcomm, еден од клучните партнери на Samsung во развојот на вештачката интелигенција, а посебно во делот за нејзиното функционирање на самиот уред.

„Факт е дека без најсовремените мобилни уреди од партнери како Samsung, можностите на нашите платформи од светска класа би биле недоволно искористени. Како Samsung, ние имаме јасна визија за иднината и многу од истражувањата за кои разговаравме денес се токму она што нè води“. – Дон Мекгваер, главен маркетинг директор, Qualcomm. 

„Нашата одговорност како лидери на мобилната вештачка интелигенција е тесно да соработуваме во партнерство со индустриските и регулаторните лидери за да изградиме вештачка интелигенција која носи позитивно влијание врз општеството. Во Samsung ги разбираме нашите корисници. Што сакаат и како се однесуваат. Токму тие сознанија ни овозможија да создадеме мобилна вештачка интелигенција насочена кон луѓето, а истовремено да го заштитиме правото на приватност на корисниците. Во моментов, ова е нашата најголема грижа бидејќи во оваа ера на хиперконективност, приватноста е поважна од кога било“. – истакна Даехјун Ким, извршен потпретседател на Истражувачкиот глобален центар за вештачка интелигенција на Samsung, Samsung Electronics. 

Претходна статијаУште еден успех во низата – Филомена Пљаковска Аспровска се стекна со признание на сертифициран експерт за дигитална трансформација
Следна статијаДостапни јавните бета верзии од iOS 18 и iPadOS 18, како и macOS Sequoia и watchOS 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.