Фото: Shutterstock.com

Смартфоните од Samsung, па и другите уреди, ќе продолжат да функционираат со помош на Google кога се во прашање пребарувањата на корисниците. Покрај тоа што Chrome доаѓа инсталиран кај овие уреди, Google Search го користи и Samsung Internet апликацијата, а тука е и „виџетот“ поставен на главниот екран.

Оваа информација доаѓа по најавите за можна промена на соработката и префрлување на Bing од Microsoft. Ова е практика која не би чудело да зачести периодов, а директно како резултат на побрзата интеграција на вештачката интелигенција кај Bing, во споредба со Google Search.

Одлуката да се остане со Google сепак е очекувана. Двете компании имаат доста голема соработка, а во најголем дел поради користењето на Android кај телефоните од Samsung. Откажувањето на соработката и падот на бројот на пребарувања преку Google Search е директно намалување на приходите од реклами, нешто што е главниот извор на приходи за компанијата.

Останува секако изборот на корисниците кои можат да го променат во секое време и да постават друг пребарувач во нивните апликации, како и да постават друг виџет на главниот екран.

За промена на соработката можевме да прочитаме како можност и кај Firefox прелистувачот. Договорот помеѓу Google и Mozilla треба да истече оваа година, па постои можноста Microsoft да издејствува нов договор со нив, но ќе видиме.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаПрва слика од Instagram апликацијата која ќе му конкурира на Twitter
Следна статијаАмериканската DoorDash обвинета за повисоки цени за достава на храна за корисниците на iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.