На Unpacked настанот којшто се одржува денес во Њујорк, Samsung го претстави Galaxy Note 9. Наследникот на одличниот лански Note 8 е одлична надградба која донесува повеќе новини кои ќе направат да и сопствениците на ланскиот модел се замислат дали да го купат.

Она што воопшто не е фактор во Note 9 е дизајнот којшто како што се најавуваше не е значително различен од ланскиот модел, меѓутоа тоа станува неважно кога ќе се земат во предвид другите новини.

Galaxy Note 9 доаѓа со 6,4 инчен екран којшто е за 0,1 инч поголем од ланскиот модел и ја има истата резолуција од 2960 x 1440 пиксели. Димензиите на уредот се слични, што значи дека зголемувањето на екранот не е направено на сметка на целиот уред.

Телефонот работи на новиот Exynos 9810 Octa чипсет и има избор од 6 и 8 GB RAM меморија, како и од 128 и 512 GB простор за складирање соодветно. Камерата на задниот дел е двојна и доаѓа со по 12 мегапиксели, додека на предната страна е со 8 мегапиксели.

Она што го прави Note 9 посебен е досега најголемата батерија која е ставена во еден Note уред и истата има капацитет од 4.000 mAh. Со овој капацитет Note 9 би требало да издржи цел ден на користење, барем за голем дел од корисниците.

Note 9 доаѓа со ново S Pen пенкалце кое како што веќе беше најавено има Bluetooth. Тоа го прави да освен за пишување, може да се користи и за дополнителна контрола на уредот, па така со S Pen може да се слика со камерата, може да се паузира и пушта видео на YouTube и многу други вакви примери.

Годинешниот Note исто така доаѓа со стерео звучници од AKG, компанија која сега е во сопственост на Samsung и од која веќе неколку модели се слушалките кои ќе бидат дел и од овој уред.

Камерите на Note 9 ќе бидат засилени со вештачка интелигенција со што корисниците ќе добијат подобро одредување на околината, а исто така Note 9 ќе известува доколку забележи дека некој ги има затворено очите при сликање или некој дел од сликата е заматен.

Уште една интересна работа кај Note 9 е што тој доаѓа со вграден DeX, односно за да може да се поврзе на поголем надворешен екран, се што е потребно е HDMI кабел и Note 9 може да се користи како десктоп компјутер.

Претходна статијаНајвозбудливиот филм што ќе го гледате годинава        
Следна статијаОстанете поврзани без разлика каде се наоѓате со новиот Samsung Galaxy Watch
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.