Во рамките на CES 2023, Samsung како едни од поважните „изложувачи“ на саемот, ја претстави својата најнова постава на телевизори од неколкуте нивни серии кои ги нудат. Подновени и доста подобрени се трите серии од компанијата, односно веќе стандардната Neo QLED серија, MICRO LED серијата, а тука е и новата генерација од најмногу очекуваната QD-OLED серија.

Neo QLED серијата, како и досега, доаѓа во 8К и 4К варијанти, а истата е изработена со Mini LED технологијата, како и Quantum Dot по која се познати Samsung. Тоа значи дека оваа серија овозможува едни од најдобрите бои и осветлување на пазарот, со подобар контраст од класичните LED телевизори.

Оваа година Samsung го истакнува подобрувањето кај нивниот алгоритам за Auto HDR Remastering, односно вештачката интелигенција која е одговорна за подобрување на сликата, зголемување на резолуцијата и секако HDR содржината.

Тоа што привлекува посебно внимание и донесува доста сериозна конкуренција на Sony, LG, Phillips и слични, е OLED серијата од Samsung. За разлика од конкурентите, Samsung ја користи својата Quantum Dot технологија за подобар квалитет на нивните OLED панели, со што покрај карактеристичниот контраст, односно вистински црните бои, корисниците добиваат и доста подобра светлина и бои.

Оваа година, покрај ланските 55 и 65 инчни верзии, QD-OLED серијата добива и 77 инчна верзија за корисниците кои навистина уживаат во гледањето на телевизија со најдоброто можно корисничко искуство. Телевизорите од оваа серија доаѓаа со 144 херци стапка на освежување, како и FreeSync Premium Pro од AMD со што од Samsung оваа серија посебно ја промовира и за гејмерите.

MICRO Led серијата исто така е обновена оваа година, а корисниците можат да изберат од 50 до 140 инчни верзии. Оваа технологија, зависно со кого се разговара, се смета како најнапредна, па е и најскапа. Samsung оваа серија ја нуди како модуларна, односно корисниците можат да ја изберат формата и големината, а исто така панелот нема рамки, па изгледот на овие телевизори е неспоредлив.

Samsung дополнително ги претстави и новите верзии од нивните проектори, како и Samsung Gaming Hub сервисот. Овие производи ќе бидат изложени на CES 2023 во деновите што следат, па слободно може да се каже дека е штета што не сме таму.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаАнгелоски: Потребна е ефикасна енергетска транзиција за спас од банкрот и од загадување
Следна статијаSony нема да ги претстави новите телевизори за оваа година на CES 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.