Скопје, 26 март 2024 г. – Samsung Electronics денес го објави Galaxy Tab S6 Lite (2024), стилски таблет дизајниран и за работа и за игра. Заедно со високопрецизното пенкало S Pen и нудејќи сигурна моќ во перформансите, Galaxy Tab S6 Lite (2024) ја максимизира инспирацијата, идеите и резултатите за студентите, младите професионалци и семејствата подеднакво.

„Ние во Samsung сме свесни дека животот е брз, работата е динамична и на потрошувачите им е потребен уред, кој може да биде во чекор со нивниот зафатен секојдневен начин на живот“, рече Џунхо Парк (Junho Park), потпретседател и раководител на тимот за планирање производи на Galaxy Ecosystem, MX Business во Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 Lite (2024) и неговото пенкало S Pen се врвни придружници за беспрекорно комбинирање на продуктивноста со забавата и креативноста, овозможувајќи им на луѓето да прават повеќе од она во што уживаат додека се во движење.“

Ново ниво во продуктивноста на бележењето

Galaxy Tab S6 Lite овозможува полесно и попријатно бележење идеи од кога било. Доаѓа во комплет со пенкало S Pen, кое е дизајнирано да ја зачува удобноста, дури и кога се држи долг временски период. Корисниците ќе уживаат да пишуваат или цртаат со пенкалото S Pen без разлика дали цртаат во Samsung Notes или ги запишуваат своите мисли – без отклучување на таблетот. И без потреба од посебен полнач, пенкалото S Pen е спремно кога и да се појави креативноста.

Носејќи ја продуктивноста уште подалеку, Galaxy Tab S6 Lite е целосно компатибилен со Galaxy уредите, вклучувајќи ги и слушалките Galaxy Buds FE, кои нудат непречено поврзување помеѓу повеќе уреди, за корисниците да можат да ја прошират својата креативност и да постигнат повеќе според сопствените услови во екосистемот Galaxy.

Стилски, пренослив и способен изведувач

Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди стилски дизајн, со премиум металик изглед достапен во ментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива боја. Таблетот е компактен и лесен за зголемена преносливост, со тежина од само 465 g за безжичната верзија или 467 g кога е опремен со LTE. Дополнително, 10,4-инчниот екран на Galaxy Tab S6 Lite и тенката, симетрична рамка од 9 мм овозможуваат секоја верзија на таблетот да обезбеди пријатно доживување при гледањето.

Заедно со одличната продуктивност и функциите за забава, Galaxy Tab S6 Lite (2024) нуди долго траење на батеријата што овозможува 14-часовна непрекината репродукција на видео, обезбедувајќи им на корисниците сигурен уред за воодушевувачко искуство при гледање и креативна слобода. Бидејќи таблетот може без напор да менува апликации, корисниците ќе можат да искусат и поефикасен мултитаскинг.

Достапност

Galaxy Tab S6 Lite (2024) WIFI 4 + 64 GB ќе биде достапен од 28 март по препорачана малопродажна цена од 25.999 денари, додека Galaxy Tab S6 Lite 2024 LTE 4 + 64 GB ќе биде достапен од 29.999 денари.

Спецификација на производот

Galaxy Tab S6 Lite (2024)
Екран10.4-инчен, 2000 x 1200 (WUXGA+), TFT
*Мерено дијагонално како полн правоаголник без да се земат предвид заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата.
Оперативен системAndroid 14.0
Димензии154.3 x 244.5 x 7.0 mm
Тежина 465 g (Wi-Fi) | 467 g (LTE)
КамераЗадна8 MP
Предна5 MP
Меморија и складирање*4 GB + 64 GB 4 GB + 128 GB microSD до 1TB**
*Достапноста на просторот за складирање може да се разликува според пазарот, моделот, бојата или операторот. Вистинската достапност на просторот за складирање може да варира во зависност од претходно инсталираниот софтвер и од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката. ** MicroSD картичка се продава одделно.
Процесор Четири-јадрен 2.4 GHz +  Четири-јадрен 2.0 GHz
Батерија*7040 mAh (вообичаена)
*Вообичаена вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Вообичаена вредност е проценетата просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 6.840 mAh.
ПоврзаностLTE*, Wi-Fi, Bluetooth® v 5.3
*Достапноста на моделот LTE варира во зависност од пазарот или операторот.
Бојаментол зелена, шифон розова и Оксфорд сива
ЗвукЗвук на двојни звучници од AKG, Dolby Atmos®
Претходна статијаSpotify ја проширува својата содржина со видео курсеви
Следна статијаОпштина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“