Скопје – 24 октомври 2023 – Samsung Electronics ја претстави својата нова серија таблети Galaxy Tab A9, која нуди прекрасно искуство на користење на таблетите на Samsung Galaxy. Достапна во две големини, серијата комбинира извонредно видео и аудио со хипер-брзо поврзување, поддржувајќи ги секојдневните потреби за забава и продуктивност во пренослив пакет. Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+ се пример за поврзан Galaxy екосистем, кои нудат истовремено користење на повеќе уреди, како и иновативни начини за корисниците и нивните најблиски безбедно да се движат низ дигиталниот свет.

„Ние веруваме дека секој заслужува можност да ги искуси најновите иновации во технологијата за таблети“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business на Samsung Electronics. „Со најновото издание на серијата Galaxy Tab A, на сите им овозможуваме одлична забава и продуктивен мултитаскинг низ целиот Galaxy екосистем“.

Дизајнирани за вистинско уживање при гледањето

Galaxy Tab A9 и Galaxy A9+ ги нудат најголемите екрани од кој било таблет од серијата Galaxy A досега, со димензии од 8,7 и 11 инчи, соодветно, за севкупно уживање на корисниците во нивните омилени филмови, серии или игри.

Корисниците на Galaxy Tab A9+ можат да уживаат во кинематографските доживувања благодарение на стапката на освежување од 90 Hz – за гејминг или скролување без доцнење – како и во имерсивниот звук на звучниците Quad базирани на технологијата Dolby Atmos. Со хипер-брзото 5G поврзување, не треба да се грижите за прекини во стримингот кога сте во движење. Galaxy Tab A9 има Dual звучници и LTE поврзување. Двата таблети имаат елегантен, тенок дизајн во еден дел, со мека задна футрола за лесно ракување.

Неверојатни перформанси

Galaxy Tab A9 и Galaxy A9+ обезбедуваат исклучителни перформанси и брзина што им овозможува на корисниците да постигнат повеќе. Поради најголемата меморија и простор за складирање во целата серија на Galaxy Tab A, има доволно простор за складирање и зачувување документи, извори на инспирација и друго.

Дизајниран да ја подобри продуктивноста и способноста за учење, Galaxy Tab A9+ ја има функцијата за мултитаскинг исто како на компјутер со Samsung DeX, а мулти-активниот прозорец овозможува дури три поделени екрани за да се максимизира можноста да се завршат повеќе работи одеднаш. Корисниците на серијата Galaxy Tab A сега можат да го снимаат својот екран благодарение на снимачот на екран, така што сега е полесно да се вратите на одредени информации или инспирација подоцна.

Ваш Galaxy, ваш начин

Серијата Galaxy Tab A овозможува беспрекорно поврзување на уредите на Samsung Galaxy, така што корисниците можат лесно да преместуваат содржина помеѓу мобилни телефони, таблети и ТВ монитори. Со паликацијата Quick Share се поедноставува споделувањето датотеки без спарување на уреди, така што корисниците можат да ја испраќаат својата омилена содржина помеѓу уредите.

Новата серија таблети Galaxy Tab A, исто така, ја гарантира безбедноста на податоците со Samsung Knox – наградуваната, повеќеслојна безбедносна платформа на Samsung. Контролната табла за безбедност и приватност им овозможува на корисниците лесно да гледаат и контролираат што се случува со нивните податоци. Со функцијата Private Share, содржината се шифрира пред да се сподели. Испраќачот може да постави дозволи за пристап, датуми на истекување на дозволите и сл., за да нема грижи кога испраќа чувствителни информации. Со безбедно Wi-Fi поврзување, корисниците можат да ги користат своите Galaxy Tab A9 или Galaxy A9+ кога се во движење, без да се грижат за ризично споделување низ интернет мрежите. Интернет сообраќајот е шифриран, а апликациите за следење се блокираат, така што пребарувањето е приватно и безбедно.

Таблетите станаа основен извор на забава и учење за децата, а Samsung Kids им помага на децата безбедно да се движат низ дигиталниот свет. Со едноставен процес на подесување, родителите можат да ги следат и контролираат дигиталните активности на децата, да пристапуваат до поставките, да креираат детски профили, да подесуваат време за игра и да ја следат содржината што ја консумираат децата. Исто така, Samsung Galaxy нуди едукативно-забавна содржина („Edutainment“) на уредот.

Достапност

Серијата таблети Galaxy Tab A9 ќе биде достапна во Северна Македонија од ноември. Серијата доаѓа во три префинети бои7: графитна, сребрена и темносина, по малопродажна цена од 9,999 МКД за Tab A9 и од 13,999 МКД за Tab A9+.8 Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Samsung.

Galaxy Tab A9 / A9+
 Galaxy Tab A9Galaxy Tab A9+
Дисплеј8.7-инчи, LCD До 60Hz11.0- инчи, LCD До 90Hz
* Мерено дијагонално како полн правоаголник без да се земат предвид заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата.
Димензии и тежина124.7 x 211.0 x 8.0 mm, 332 g (Wi-Fi), 333 g (LTE)168.7 x 257.1 x 6.9 mm, 480 g (Wi-Fi), 491 g (5G)
Камера8 MP Задна камера 2 MP Предна камера8 MP Задна камера 5 MP Предна камера
APОсмојадрен процесор
Меморија и складирање4 GB + 64 GB 8 GB + 128 GB4 GB + 64 GB 8 GB + 128 GB
Микро SD картичка до 1 TB
* Достапниот капацитет за складирање е предмет на претходно вчитан софтвер. ** Опцијата за меморија може да варира во зависност од пазарот. ***Микро SD картичката се продава посебно.
Батерија5,100 mAh 7,040 mAh 
* Типична вредност измерена во лабораториски услови од трето лице. Типичната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Вистинскиот рок на траење на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. **Полнење преку кабел компатибилно со QC2.0 и AFC. ***Адаптер за напојување од 15 W се продава посебно. Користете само полначи адаптери и кабли одобрени од Samsung.
Android 13
Мрежа и поврзување4G LTE, 5G*, Wi-Fi 5
Bluetooth® v 5.3Bluetooth® v 5.1
* 5G поврзување е поддржано само на Galaxy Tab A9+. **Потребно е оптимално 5G поврзување. 5G услугите се поддржани само на локации со 5G мрежа. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.
ЗвукDolby Atmos®
БезбедностSamsung Knox
Дополнителна опремаBook Cover, Slim Book Cover со тастатура
* Други додатоци се достапни за купување одделно. Достапноста на футроли од трети лица може да варира во зависност од пазарот, операторот и продавачот. ** Slim Book Cover со тастатура ќе биде достапна наскоро и ќе биде поддржана само на Tab A9+.
Претходна статијаNvidia и AMD можно е да ја засилат конкуренцијата на Windows уреди кои работат на ARM чипови
Следна статијаApple доцни со имплементација на генеративната вештачка интелигенција, се очекува надоместување за идната година