Живемее во еден ултра модерен, урбан и брз свет во кој сите ние користиме разновидни гаџети и паметни уреди кои ни го олеснуваат и разубавуваат секојдневието, а секако огромно е задовоството кога тие припаѓаат на најсовремената врвна технологија. Што е она што прво го правите наутро кога ќе отвоите очи? Се разбира, го земате телефонот во рака почнувате да ги впивате информациите. Следно е шоља кафе секако, но повторно најдобриот пријател е со вас. Зошто велиме најдобар пријател? Неговата галерија е ризница од вашите најубави моменти, сите долги повици со најблиските се овозможени токму преку него. А долгите досадни летови? Полесно се преживуваат кога гледаме филм на паметниот телефон. Имајќи ја предвид неопходноста и постојаната инволвираност во нашето секојдневие, несомнено го заслужувате најдоброто. Токму затоа, Samsung инспирирани од  безвременската елеганција и софистицираност, исклучиво за оние со истенчен вкус и неприкосновена пребирливост го создаваат најдоброто од врвната технологија, Samsung Galaxy S23 Ultra. Со Galaxy S23 Ultra, сега го добивате најдоброто од Samsung – перформанс, камера, дисплеј, батерија, софтвер – целосно доживување пренесено на едно досега недостижно ниво во индустријата.

Одберете го најдоброто

Младите ентузјасти жедни за авантура веќе го имаат одбрано својот нов омилен телефон. Galaxy S23 Ultra го прави секој незаборавен момент вреден за паметење. Целата серија Galaxy S23 поставува нови стандарди кога станува збор за сигурни премиум искуства со паметни телефони и ги редефинира максималните перформанси со комбинирање на моќта, трајните иновации и одржливоста. Кај Galaxy S23 Ultra, со вграденото S Pen, кое многумина веќе го знаат и го сакаат од претходниот Samsung Galaxy паметен телефон, ви се нудат повеќе опции за продуктивност, за пишување  на вашите белешки, за хоби и друго. Сите иновации за поставување стандард во серијата Galaxy S23 се спакувани во атрактивен дизајн кој дополнително ја зајакнува посветеноста на Samsung за одржливост со повеќе рециклирани материјали од кој било паметен телефон Samsung Galaxy досега.

Перформанси на кои може да се позавиди

Едно од најважните подобрувања во серијата Galaxy S23 е оптимизираниот графички процесор, кој е приближно 41% побрз во споредба со серијата Galaxy 22 и специјално дизајниран за напредни корисници. Новодизајнираната архитектура на микро процесорот ги зголемува можностите за обработка на серијата Galaxy S23 за околу 30% во споредба со серијата Galaxy S22. Снимањето неверојатни фотографии при слаба осветленост бара трилиони пресметки во секунда, така што високата ефикасна NPU архитектура на Samsung Galaxy е оптимизирана за 49% за да се балансираат перформансите и моќта додека се користи алгоритам за вештачка интелигенција, што ќе ви овозможи да снимите епски фотографии и видеа.

Како прв меѓу телефоните на Samsung Galaxy, Galaxy S23 Ultra може да се пофали со нов 200MP адаптивен сензор за пиксели кој ќе ги сними вашите важни моменти со неверојатна прецизност. Користи поврзување со пиксели за да поддржува повеќе нивоа на обработка со висока резолуција истовремено.  А за вашите селфи фотографии серијата Galaxy S23 воведува брз автоматски фокус и прва Super HDR селфи камера со скок од 30 до 60 фрејмови во секунда за забележително подобро сликање и снимање на лицето од напред.

За оние од вас кои сакаат целосна креативна контрола и прилагодување, серијата Galaxy S нуди низа алатки за извонредно фотографско искуство. Апликацијата Expert RAW, достапна екслузивно на уредите Samsung Galaxy, ви овозможува да фотографирате во DSLR стил и обработка на RAW и JPEG – без потреба од гломазна опрема за камера.

И за креаторите и за гејмерите, желбата да се поместат границите и постојано повторно да се измислуваат нови можности, бара технологија што ги надминува очекувањата. Samsung и Qualcomm заедно го оптимизираат искуството на Samsung Galaxy со најновата мобилна платформа за Galaxy уредите „Snapdragon 8 Gen 2 “, најмоќната и ефикасна платформа досега кај паметните телефони Samsung Galaxy со најбрзите карактеристики до сега. Исто така, кај Galaxy S23 Ultra, батеријата од 5000 mAh напојува поголема камера од Galaxy S22 Ultra без да ја зголеми големината на уредот.

Galaxy S23 Ultra мисли и на животната средина! Мислете и вие.

Серијата Galaxy S23 користи врвна технологија која ги збогатува животите на луѓето и придонесува за поздрава планета. Употребата на рециклирани материјали од шест внатрешни компоненти во Galaxy S22 Ultra е зголемена на 12 внатрешни и надворешни компоненти во Galaxy S23 Ultra, кој содржи повеќе рециклирани материјали од кој било друг паметен телефон Galaxy. Новата серија S е прва со Corning® Gorilla® Glass Victus® 2  и има поголема издржливост за долготрајна употреба, која содржи во просек 22 проценти рециклирана содржина генерирана во производството. Дополнително, секој паметен телефон Galaxy S23 доаѓа во редизајнирана кутија за пакување направена од 100% рециклирана хартија. Со серијата Galaxy S23, Samsung работи понапорно за да го минимизира негативното влијание врз животната средина, без да прави компромиси за квалитетот и естетиката. Серијата Galaxy S23 има UL ECOLOGO® сертификат, што значи дека производот е сертифициран за намалено влијание врз животната средина.

Нарачај пред сите

Почнувајќи од 17 февруари 2023 година, Galaxy S23 Ultra, Galaxy S23+ и Galaxy S23 ќе бидат достапни од операторите и трговците на мало, како и на Samsung.com. Серијата Galaxy S23 доаѓа во четири нијанси инспирирани од природата: фантомско црна, крем, зелена и лаванда. Galaxy S23 Ultra ќе се продава во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од 83.999 ден, Galaxy S23 + по препорачана малопродажна цена од 71.999 ден  и Galaxy S23 по 56.999 ден.

Со купување на уред од серијата Galaxy S23, добивате и модел X2 со двојно повеќе мемориски простор* за цената на основната варијанта и заштедете. Промоцијата трае од 2.2. до 9.2 2023 година или додека траат залихите. Напомена: * Се однесува на: Galaxy S23 8/256 GB по цената за 8/128 GB, Galaxy S23+ 8/512 GB по цената за 8/256 GB, Galaxy S23 Ultra 12/512 GB по цената за 8/256 GB. Не вклучува модел од 1 TB.

За повеќе информации за Galaxy S23 серијата посетете ја: www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s23.

Претходна статијаOnePlus ја претстави својата прва тастатура за компјутерите – OnePlus Keyboard 81 Pro направена во соработка со Keychron
Следна статијаПогледнете го краткиот филм од Ридли Скот снимен целосно со Galaxy S23 Ultra