Сеул / Лондон / Сан Франциско – 20 февруари 2019 година – Одбележувајќи декада од претставувањето на првиот Galaxy S уред, Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) претстави нова серија премиум смартфони: Galaxy S10. Со четири уникатни уреди, новата Galaxy S10 серија е создадена да ги задоволи различните потреби на денешниот пазар на смартфони, овозможувајќи им на корисниците уште повеќе да ги прават работите во кои уживаат. Секој од уредите овозможува ново ниво на доживување во категориите за кои корисниците највеќе се грижат и се заинтересирани – неверојатни иновации за екранот, камерата и перформансите.

Сведоштво  за декада на иновации, Galaxy S10 е дизајниран за оние кои сакаат премиум смартфон со моќни перформанси кој овозможува ново, напредно ниво на мобилно искуство. За потрошувачите кои сакаат уред со високи перформанси, Galaxy S10+ ја носи секоја карактеристика на ново ниво – започнувајќи од екранот, камерата, па сѐ до перформансите. Galaxy S10e е создаден за оние кои ги сакаат сите премиум основи во компактно пакување со рамен екран. За крај, Galaxy S10 5G е креиран за оние кои сакаат повеќе од сѐ и се подготвени за најголемите брзини достапни и најмоќните карактеристики. Вклучувајќи целосно нов Dynamic AMOLED display, нова генерација камера и интелигентен перформанс, Galaxy S10 серијата им овозможува на корисниците повеќе можности и поставува нови стандарди за смартфоните. 

Уште од претставувањето на првиот S уред пред десет години, Galaxy S серијата е поим за премиум иновации, овозможувајќи им на корисниците неверојатно искуство и можност да го пронајдат уредот кој е вистински за нив. Galaxy S10 го надградува ова извонредно наследство, носејќи неверојатни иновации кај екранот, камерата и перформансите. Со четири премиум уреди, секој создаден имајќи ги  предвид уникатните потрошувачи, Samsung ја продолжува деценијата на лидерство во индустријата зачекорувајќи во нова ера на технологијата за паметни уреди“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилна Комуникација во компанијата Самсунг Електроникс.

Нов Динамичен АМОЛЕД екран (Dynamic AMOLED display): Искуство преку целосен екран со Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци (Ultrasonic Fingerprint Scanner)

Galaxy S10 е направен со најдобриот Samsung екран досега – првиот во свет, Динамичен АМОЛЕД (Dynamic AMOLED) екран. Како прв “HDR10+“ сертифициран смартфон, неговиот екран прикажува кристално јасна дигитална содржина, а со динамичното мапирање на тонови, корисниците ќе може да гледаат поголем опсег на бои за брилијантна, реална слика. Динамичниот АМОЛЕД екран на Galaxy S10 е исто така “VDE“ сертифициран за живи светли бои и за извонреден сооднос на контраст за уште подлабоки нијанси на црно и уште посветли нијанси на бело.

Верифициран од страна на “ДисплејМејт“ (DisplayMate), корисниците ќе може да уживаат во исклучителни бои на нивниот мобилен уред – дури и при услови на висока сончева светлина. Дополнително, Динамичкот АМОЛЕД екран исто така ја намалува сината светлина преку неговиот “TÜV Rheinland“ сертифициран екран за удобност на очите[, без притоа да влијае на квалитетот на сликата или да додава филтер.

Резултат на неверојатниот инженерски процес, уникатниот “Infinity-O“ екран на Galaxy S10 пристигнува со низа сензори и технологија за камера сместена во отвор на екранот, овозможувајќи им на корисниците на овој начин да ја зголемат работната површина на екранот без дистракции.

Динамичниот АМОЛЕД екран на Galaxy S10 исто така го вклучува и првиот Ултрасоничен Скенер за Отпечатоци сместен на самиот екран, кој ги вчитува 3Д контурите на физичкот отисок на корисникот, наместо 2Д сликата од отпечатокот, за подобрена технологија за одбрана од измами и напади на софтвер. Со првата во свет, “FIDO Alliance Biometric Component“ сертификација, ова ново ниво на биометриска проверка овозможува безбедност на ниво на трезор, допринесувајќи уредот да биде навистина безбеден.

Професионално ниво на Камера

Надополнувајќи го лидерството на Samsung во областа на камерите за првите “Dual Pixel“ и “Dual Aperture“, Galaxy S10 претставува нова технологија на камери и напредна интелигенција која го поедноставува начинот на креирање врвни фотографии и видеа:

  • Ултра-Широки Леќи: За прв пат во рамки на S серијата, Galaxy S10 овозможува Ултра-Широки Леќи со 123 степени поле на гледање, како човековото око, односно она што го гледате е она што е во рамка. Совршен за импресивни пејсажни фотографии, големи панорами, па дури и семејни портрети од поширокото семејство, Ултра-Широката Леќа овозможува секогаш да ја фотографирате целосната сцена.
  • Супер стабилно видео снимање со висок квалитет: Galaxy S10 овозможува супер стабилно снимање со помош на технологијата за дигитална стабилизација на сликата. Без разлика дали корисникот танцува во екот на неверојатен концерт или пак сака да го сними секој детаљ при велосипедско возење на нерамна површина, функцијата за супер стабилност овозможува да го зачувате секој миг. И предната и задната камера може да креираат снимки со квалитет до “UHD“, а за прв пат во индустријата, задната камера овозможува флексибилност за креирање снимки во “HDR10+“.
  • Камера со Вештачка Интелигенција: Galaxy S10 ги прави веќе паметните карактеристики уште попрецизни со единиците за неврална обработка (Neural Processing Unit – NPU) што допринесува за креирање на фотографии на професионално ниво кои се вредни за споделување без притоа корисникот мануелно да ги селектира напредните поставки на камерата. Оптимизаторот на сцена сега може да препознае и уште попрецизно да ги процесира дополнителните сцени благодарение на единиците за неврална обработка. Дополнително, со функцијата за сугерирање при фотографирање, Галакси С10 овозможува автоматски препораки за композицијата, за подобро врамување на сликата.

Функции за интелигентен перформанс кои овозможуваат максимална употреба на вашиот смартфон

Galaxy S10 е создаден со премиум хардвер и софтвер базиран на машинско учење, кој работи наместо вас. Од целосно нови можности за споделување на енергија до зголемување на перформансите овозможено од вештачка интелигенција, па сѐ до интелигентна безжична конекција, Galaxy S10 е најинтелигентниот уред на Samsung досега на секое поле.

  • Безжично споделување на енергија: Samsung го претставува безжичното споделување на енергија (Wireless PowerShare) на Galaxy S10, овозможувајќи едноставно полнење на “Qi“ сертифицирани паметни телефони и на компатабилни уреди за носење. Дополнително, Galaxy S10 е способен истовремено да се полни самиот себеси и да полни и втор уред, преку ова безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач, овозможувајќи им на корисниците со нив да понесат само еден полнач кога патуваат.
  • Интелигентен перформанс: Новиот софтвер на Galaxy S10 со вештачка интелигенција автоматски ја оптимизира батеријата, процесорот, работната меморија, па дури и температурата на уредот, врз основа на тоа како се користи телефонот, продолжувајќи да ги учи навиките на корисникот и подобрувајќи се со текот на времето. Користејќи ги способностите на вештачката интелигенција, Galaxy S10 преку учењето на начинот на користење на уредот, побрзо ги вклучува апликациите кои се најчесто користени.  
  • Интелигентна безжична поврзаност: Galaxy S10 пристигнува со интелигентна безжична поврзаност која овозможува непрекината и безбедна конекција со беспрекорен премин од “Wi-Fi“ кон “LTE“ и обратно, воедно известувајќи го корисникот за потенцијално ризични безжични конекции. Galaxy S10 го поддржува и новиот “Wi-Fi 6“ стандард, овозможувајќи подобри “Wi-Fi“ перформанси кога е конектиран на компатабилен рутер. 
  • Bixby Рутини: Преку Galaxy S10 Bixby ги автоматизира рутините на корисникот и обезбедува персонализирани препораки олеснувајќи го корисничкото секојдневие. Со претходно поставени и персонализирани рутини, како рутини при “Возење“ и “Пред Спиење“, кои се прилагодени на навиките на корисникот, Galaxy S10 ги прави нештата поедноставни автоматски намалувајќи го допирањето на уредот или пак броењето на чекорите во рамки на денот на корисникот.

Нова ера на 5Г поврзаност

Токму онака како што направи и со 2Г, 3Г и 4Г, Samsung го води патот и со 5Г технологијата – работејќи со најголемите добавувачи на развивање и распоредување на 5Г мрежната технологија. Сега, Samsung ја носи моќта на 5Г технологијата во рацете на корисниците преку својот Galaxy S10 5G уред – првиот Samsung “флегшип“ 5Г паметен телефон. Со Galaxy S10 5G, корисниците преку 5Г мрежа можат да симнат цела сезона од ТВ шоу во неколку минути, да играат “cloud“ игри со богата графика речиси без заостанување, да уживаат во подобрени искуства со виртуелна и аугументирана реалност и да останат во контакт со пријателите и семејството преку 4К видео повици во реално време. За максимално уживање во предностите на 5Г поврзаноста, Galaxy S10 5G пристигнува со најголемиот досега екран во Galaxy S серијата – 6,7 инчниот “Infinity-O“ екран. Воедно, Galaxy S10 5G поседува и тридимензионална Samsung длабинска камера за креирање 3Д фотографии преку функциите “Video Live focus“ и “Quick Measure“, а е напојуван од 4,500mAh батерија со супер брзо полнење од 25W.

Најдоброто сега е стандард: Galaxy основи и екосистем на ново ниво

Galaxy S10 серијата овозможува сѐ што досега беше очекувано од неа и повеќе – вклучувајќи Брзо Безжично Полнење 2.0, “IP68“ отпорност на вода и прашина, процесор од нова генерација и Samsung услуги како Bixby, Samsung Health, Samsung Pay и Samsung DeX. Воедно, корисниците може да користат највисок капацитет за зачувување на податоци – Galaxy S10+ пристигнува со 1 терабајт вградена меморија и можност за зголемување на истата преку 512 GB микроСД картичка до 1.5TB.[

  • Брзина: Galaxy S10 овозможува пристап до новата генерација “Wi-Fi 6“, која овозможува приоритетен и четири пати побрз пристап за разлика на оној на другите корисници во оптоварените предели, како аеродроми. На овој начин корисниците може да искусат молскавично брза “LTE“ поврзаност за зачувување на податоци и датотеки од интернет, или пак за пребарување со способност до 2.0 Gbps за прв пат до сега.
  • Играње игри: Создаден за најдобро до сега “гејминг“ искуство, Galaxy S10 има вграден софтвер за оптимизација на перформансите при играње кој се базира на вештачка интелигенција. Воедно, пристигнува со премиум хардвер кој вклучува “Dolby Atmos“ за режим на играње и систем за ладење со комора за пареа. Galaxy S10 е исто така и првиот мобилен уред кој е оптимизиран за игри креирани на “Unity“ платформата.
  • Безбедност: Galaxy S10 е создаден со безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), како и безбеден простор за зачувување податоци, поддржан од хардвер, каде се зачувани корисничките приватни “клучеви“ за мобилните услуги овозможени со “blockchain“ технологија.

Достапност и нарачки на Galaxy S10

Новите Galaxy S10, Galaxy S10+ и Galaxy S10e ќе бидат достапни во Призма Бела, Призма Црна, Призма Зелена, Призма Сина, Канаринско Жолта и Фламинго Розева боја. Galaxy S10+ исто така ќе биде достапен и во два, целосно нови, премиум керамички модели со Керамичко Црна и Керамичко Бела боја.[

Новите Galaxy S10, Galaxy S10+ и Galaxy S10e ќе бидат достапни за продажба започнувајќи од 8. Март 2019 година во рамки на селектирани пазари, со препорачани продажни цени започнувајќи од 54.999 денари за Galaxy S10 (128GB) односно 69.999 денари за Galaxy S10 (512GB), 60.999 денари за Galaxy S10+ (128GB), 75.999 денари за Galaxy S10+ (512GB), 97.999 денари за Galaxy S10+ (1TB) и 44.999 денари за Galaxy S10e. Можноста за нарачка на моделите Galaxy S10, Galaxy S10+ и Galaxy S10e започнува од утре, 21 февруари 2019 година. Сите оние кои во однапред определен временски период ќе го нарачаат својот Galaxy S10 или Galaxy S10+ ќе добијат пар Галакси слушалки (Galaxy Buds), целосно бесплатно. На овој начин, корисниците ќе може да ја слушаат својата омилена музика додека се во движење и додека вежбаат, притоа уживајќи во својот Galaxy S10 пред сите останати.

Претходна статијаSamsung ги претстави новите Galaxy S10
Следна статијаSamsung воведува три нови уреди за носење кои допринесуваат кон балансиран и поврзан начин на живот