По цела година со веќе две години стариот Galaxy S9, конечно го дочекавме наредното и најдоброто од Samsung. Galaxy S20 серијата беше претставена минатиот месец, а сега го добивме првиот телефон на тест, Galaxy S20+.

Очекувањата од оваа нова серија од Samsung кај нас беа големи и веднаш можеме да кажеме дека не бевме разочарани од тоа што го видовме.

Главни карактеристики на телефонот

За почеток да истакнеме што е тоа што треба да го знаете од аспект на карактеристиките на телефонот, односно „бројките“, пред да го пренесеме нашето искуство.

Galaxy S20+ е средниот модел оваа година и доаѓа со екран со големина од 6,7 инчи кој е направен со познатата од Samsung Dynamic AMOLED технологија. Резолуцијата е 3.200 на 1.440 пиксели, со што се добива густина на пикселите од 525 ppi. Главната новина за која ќе пишуваме подолу е стапката на освежување од 120Hz.

За нашиот пазар Galaxy S20+ работи на Exynos 990 и има 8GB RAM меморија со 128GB простор за податоци и можност за додавање на дополнителна картичка доколку е потребно или да се стави втора SIM картичка.  

Камерите кај овој телефон се три плус дополнителен ToF сензор за длабочина на сликата и 3D слики. Другите камери доаѓаат со сензори со 12, 64 и 12 мегапиксели, а тука е и можноста за искористување на сите мегапиксели кај втората камера. Како што е веќе стандардно, едната од камерите овозможува ултра широк агол на сликање, како и можност за зумирање кај другата. Предната камера е со 10 мегапиксели и е поставена во мала дупка во средината на екранот и скоро и не се ни забележува.

Од останатите карактеристики би го истакнале сензорот за отпечатоци на прстите под екранот, како и батеријата со капацитет од одлични 4.500 mAh која се полни со 25W супер брзо полнење.

Карактеристичен за Samsung дизајн, но со неколку новини кои го прават телефонот одличен

Кога е во прашање дизајнот секако дека може да се каже дека е релативна работа, односно во голем дел зависи од вкусот на корисникот. За нас Samsung телефоните отсекогаш изгледале одлично, а тоа посебно важи во последните неколку модели чија главна карактеристика се малите рамки кои секоја година стануваат се помали.

Кај Galaxy S20+, односно целата серија, голема предност е што заобленоста на екранот од страните е намалена со што се зголемува удобноста при користење. Доста корисници на постарите модели истакнуваа дека поради заобленоста често се случува да по грешка се притисне на екранот, па кај S20-ките шансите за тоа се значително помали.

Телефонот е доста лесен во споредба со новите iPhone модели, а оваа споредба ја правиме поради тоа што неколку познаници го купија новиот iPhone 11 Pro Max и првата работа што ја забележавме беше колку делува тежок тој телефон (ова секако не е критика на целиот телефон).

Копчињата кај S20 серијата сега се на едната страна од уредот, нешто на кое ние требаше да се навикнеме при користењето на телефонот. Bixby копчето веќе го нема, но истото е поставено на копчето за отклучување на телефонот, со подолго држење на истото, а ова можете веднаш на почеток да изберете дали сакате да остане како Bixby копче или стандардно да се користи за исклучување или рестартирање на телефонот.

Генерално, чувството при користењето на телефонот е одлично, а големината на екранот не ги зголемува димензиите на телефонот поради помалите рамки. Екранот изгледа одлично, како и дупката за камерата која воопшто не се забележува, а овозможува поголема покриеност на сликата.

Екранот кај Galaxy S20 серијата доаѓа со стапка на освежување од 120Hz

Секогаш е случајот да кога за првпат ќе се земе и вклучи нов модел од Samsung, веднаш се забележува одличниот екран, а не за џабе оваа компанијата секогаш е на првото место со своите телефони. Истото е случајот и со годинешниот Galaxy S20+ кој има екран со одлични карактеристики кои не се само обични бројки на „хартија“.

Сепак, главната новина која би ја издвоиле е стапката на освежување од 120Hz. Кога ќе се вклучи оваа нова можност првата реакција нема шанса да ве остави рамнодушни, без некоја реакција од ваша страна.

Интересно, телефонот, исто беше кога ги гледавме изложените примероци на штандот на Samsung, не доаѓа со вклучена стапка на освежување од 120Hz. Првпат ја пробавме оваа опција на штандот, а реакцијата беше дека веќе нема да можеме да користиме телефон којшто има помала стапка на освежување.

Штом ќе ја вклучите стапката од 120 херци, веднаш ќе го забележите побрзото прикажување на промените на екранот, односно сè ќе почне да се движи побрзо. Самата работа со екранот станува подобра поради тоа што истиот многу побрзо реагира на вашиот допир.

Единствената „маана“ на ова е што поради заштеда на батеријата најверојатно, Samsung има ограничено да стапката на освежување од 120Hz може да се користи до максимум Full HD резолуција, но не и максималната резолуција на телефонот. Можевме да прочитаме дека во иднина ова ќе биде променето, па можеби ќе биде дозволено.

Еден мал предлог од нас, кога ќе го ставите телефонот на помала резолуција, намалете ја големината на буквите, со тоа нема да можете да ја забележите промената при читање.

Гледањето на видео содржина е исто така одлично искуство на Galaxy S20+. Екранот е најдоброто од Samsung во овој момент, а карактеристиките не се тука само на хартија, па квалитетот можете да го забележите без проблем.

Доколку вашиот телефон често го користите, како што е во нашиот случај, а посебно пред легнување навечер, би препорачале да сепак го земете овој поголем модел, наместо Galaxy S20, разликата не е огромна, но дефинитивно ќе ви биде мило што сте се одлучиле за поголемиот екран.

Камерите и нивните можности прават да сакате што почесто да сликате

Samsung веќе важи за компанија која ги има едни од најдобрите камери кај своите телефони, а посебно од оваа класа, но оваа година се разликува од претходните. Камерите се унапредени и ставени во таква комбинација да сликачкото искуство со Galaxy S20+ е нешто што ќе им се допадне на сите „аматери фотографи“, но ќе ги инспирира и тие кои поретко фотографираат.

Вештачката интелигенција игра главна улога изминатите години кога се во прашање фотографиите, правејќи ги камерите кај мобилните скоро како професионални. За да направите добри фотографии не е потребно некое посебно познавање, а софтверот на Samsung ќе се погрижи да биде избрана потребната сцена за моменталната слика.

Посебно се истакнува новата „Single Take“ функција со која ќе успеете да ги имате потребните фотографии и видео содржина во одредена ситуација. Со оваа функција, почнувате да снимате видео, но Galaxy S20+ на крајот покрај тоа видео, ќе ви даде на располагање и фотографии сликани со различните камери, со различни широчини, како и ефекти. Сè што треба е да изберете што е тоа што ви е потребно и да го зачувате.

Можете само да замислите во колку ситуации досега оваа функција би ви се погодила, па дури и криво ќе ви стане зошто сте ја немале и досега. Имате некој настан, па во одреден момент сакате да снимите видео, но сепак би сакале да можете да испратите и фотографија од истото.

Уште една предност која мора да се истакне е можноста да се избере да се слика со сите 64 мегапиксели на камерата, наместо да се комбинираат пикселите за подобра слика. Ова може да се најде во ситуации кога подоцна сакате фотографијата да ја средите на компјутер, со можност да зумирате во одреден дел кој сметате дека е тоа што сакате да остане. Големата резолуција тоа ќе може да го овозможи без губење на квалитетот.

Перформансите на Galaxy S20+ се на нивото кое би го очекувале од еден ваков телефон

Како корисник на Galaxy S9 веќе цела година, префрлувањето на S20+ е нешто што направи да почесто седам на мобилниот отколку на компјутерот. Нема дел од работата со овој телефон кој што може да се издвои како нешто послаба или незадоволителна.

Апликациите се отвораат инстантно, иако ретко играм игри, со цел да го тестирам уредот инсталирав неколку, а одговорот на прашањето какво беше искуството сигурно веднаш го знаете.

Кога на сè ова ќе се додаде стапката на освежување од 120Hz, се добива еден телефон кој што ја прави работата со него неверојатно искуство кое не би верувал дека може до толку да се истакне во 2020, со оглед на достапноста на добра технологија.

Батеријата на телефонот е голема, но голем е и екранот, а посебно кога ќе се вклучи стапката на освежување од 120Hz, резултатот беше дека телефонот сепак го полниме 2 пати на ден. Сепак, ние сме активни корисници на телефон, па ова е големо подобрување од претходниот телефон кој што се случуваше да го полниме и до 4 пати во денот.

Доколку некој е повеќе просечен корисник, може да биде сигурен дека Galaxy S20+ ќе може да го помине денот на едно полнење без никакви проблеми.

ПРЕГЛЕД НА ОЦЕНКАТА
Екран
Дизајн
Перформанси
Камера
Претходна статијаСветската Здравствена Организација ќе претстави мобилна апликација за COVID-19
Следна статијаApple претстави веб страна и апликација за информации поврзани со COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
recenzija-samsung-galaxy-s20<!-- wp:heading {"level":3} --> <h3>Повторно со голема сигурност го препорачуваме изборот на Galaxy S20 серијата на нашите читатели</h3> <!-- /wp:heading --> <!-- wp:paragraph --> <p>Од нашето искуство со Galaxy S20+ нема еден дел кој што не ни се допадна и кој не ни беше повеќе од одличен. Промената на овој од претходниот телефон беше нешто што направи да ние самите се одлучиме да купиме еден ваков модел за нас. </p> <!-- /wp:paragraph --> <!-- wp:paragraph --> <p>Препораката за купување на овој телефон до нашите читатели ја даваме со целосна самодоверба во тоа и веруваме дека нема некој кој што има потреба да се мисли за оваа одлука. </p> <!-- /wp:paragraph -->