Со претставувањето на MacBook Air со M1 чипот во 2020, Apple го постигна тоа што Microsoft со години се обидува, претставување на мал и моќен лаптоп компјутер кој работи на штедливите ARM чипови.

Apple оваа серија на процесори ја прошири на сите нивни компјутери, па дури и таблет компјутери, а ARM чиповите веќе не се сметаат само за штедливи, па стануваат и навистина моќни.

Тоа што фали сите овие години е конкуренција од страна на Windows, па иако Qualcomm цело време има свои ARM чипови за компјутерите, преку Snapdragon 8cx серијата, сепак тие ни приближно не можат да се споредат со М од Apple. Поради тоа на пазарот и не можеме да видиме сериозни конкуренти на MacBook серијата.

После неколку најави, Qualcomm и официјално го претстави резултатот од купувањето на компанијата Nuvia чиј основачи се поранешни вработени во Apple, а тоа е новиот Oryon процесор за кого има и тужба од ARM.

На основа на овој нов процесор ќе бидат направени чиповите од нова серија која Qualcomm ја најави оваа недела. Snapdragon X ќе биде серијата која изгледа конечно ќе донесе сериозна конкуренција на Apple.

Од Qualcomm подобрувањето на перформансите и ефикасноста во споредба со Snapdragon 8cx серијата го нарекуваат „квантен скок“, а очекувано доста големо значење се дава на вештачката интелигенција.

Повеќе за овие чипови ќе дознаеме во периодот што следи, а со нетрпение ги очекуваме и првите компјутери со Windows кои ќе работат на Snapdragon X.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Qualcomm
Претходна статијаMicrosoft конечно може да го финализира договорот за купување на Activision Blizzard
Следна статијаУплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.