Во март оваа година можевме да прочитаме дека Meta се приклучува на трендот на развој на апликации конкуренти на Twitter. Ова посебно стана случајот по купувањето на Twitter од страна на Елон Маск, па според некои оваа мрежа сега станува се полоша.

Сега ја имаме и првата слика, заедно со неколку информации, кои ни покажуваат дека од компанијата навистина работат на ваква апликација.

Сликата изгледа е од презентација на апликацијата, како и обично, предвреме излезена на интернет.

Од тоа што може да се види, апликацијата е доста слична на сите вакви текстуални пред се апликации. Во самата сликата не се споменува некое име за апликацијата, па таа е само наречена „новата текстуална апликација од Instagram за разговори“.

Како и кај другите апликации, текстуалниот дел од објавите е главен, но корисниците ќе можат да додаваат и линкови, слики и видеа. Сметките кои веќе го следат корисникот на Instagram ќе бидат пренесени на новата апликација.

Веќе можевме да прочитаме дека апликацијата ќе биде направена на основа на ActivityPub протоколот. Овој протокол е истиот кој се користи на Mastodon, односно и Instagram ќе стане дел од новите децентрализирани друштвени мрежи кои наводно треба да донесат повеќе отворен интернет.

Поради користењето на овој протокол, корисниците на новата Instagram апликација, ќе можат да бидат следени од страна на Mastodon корисниците, како и Bluesky, исто така децентрализирана апликација конкурент на Twitter од поранешниот ко-основач на оваа мрежа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOpenAI ја претстави ChatGPT апликацијата за корисниците на iOS
Следна статијаSamsung ќе продолжи да го користи Google како главен пребарувач кај нивните уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.