Компанијата M-Lab, во соработка со Google, Princeton и други, го претстави извештајот за просечната брзина на интернетот во светот, направена врз основа на мерења во 200 земји. Покрај мерење на брзината на симнување, во статистиките прикажано е и времето потребно да се симне еден HD филм со големина на фајлот од 5 GB.

Мерењата се направени во периодот од 30 мај 2017 до 29 мај 2018 година, а се ставени во споредба со мерења направени од 11 мај 2016 до 10 мај 2017 година.

Резултатите покажуваат дека просечната брзина на интернетот сега изнесува 9,1 Mbps, за разлика од претходниот период кога изнесувала 7,4 Mbps, што е зголемување од 23%.

Од компанијата истакнуваат дека зголемувањето најмногу се должи на земјите каде брзината на интернетот веќе била голема, додека во земјите каде била мала, зголемувањето е многу мало.

Земјата со најголема интернет брзина во светот е Сингапур, со просечна брзина од 60,39 Mbps и време потребно за симнување на еден HD филм од околу 11 минути.

Наредните 9 земјите на листата се: Шведска, Данска, Норвешка, Романија, Белгија, Холандија, Луксембург, Унгарија и Џерси.

Македонија се наоѓа на 68-то место со просечна брзина од 8,82 Mbps и потребно време за симнување на HD филм од 5 GB од околу час и 17 минути. Просечната брзина е зголемена за 1,48 Mbps, а нашата земја исто така има пад на листата од 9 места.

Пред нас од земјите на Балканот се Грција со просечна брзина од 11,3 Mbps, Косово со 11,64 Mbps, Србија со 13 Mbps, Хрватска со 15,6 Mbps, Бугарија со 20,2 Mbps и Словенија со 21,41.

Според бројките, може да се каже дека брзината на интернетот кај нас е блиска со светскиот просек, а повеќето Балкански земји имаат повисока просечна брзина.

ИЗВОРCable.co.uk
ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаWild Wild Country: Најфасцинантниот документарец што ќе го гледате годинава
Следна статијаПотврдено од “Testlab“: Samsung QLED TV екраните не покажуваат ефект на “изгореници“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.