Изјавите на основачот на Nothing дека телефоните во денешно време се станати „досадни“ и веќе нема иновација на пазарот, иако со првиот телефон не личеше дека не важат и за нив, со втората генерација Nothing Phone почнува да се издвојува од останатите.

На прв поглед Nothing Phone (2) не изгледа нешто различно од ланскиот модел, покрај минималните промени на поставеноста на компонентите на карактеристичната задна страна, но тој сепак донесува доста новини за корисниците.

Како главна новина кај Phone (2) може да се каже дека е чипот. Тој овој пат е од највисоката класа, иако не е најновото достапно на пазарот. Телефонот работи на Snapdragon 8+ Gen 1 и со тоа корисниците добиваат многу подобри перформанси во споредба со ланскиот Snapdragon 778G+.

Селфи камерата добива надградба од 16 на 32 мегапиксели, додека на задната страна остануваат две камери со по 50 мегапиксели, но со понов Sony сензор кај главната камера. Батеријата исто така добива подобрување, па истата сега има капацитет од 4700 mAh.

Втора поголема новина добива Glyph интерфејсот, односно задниот дел од телефонот по кој и се разликува од сите други телефони на пазарот. Како што истакнува Карл Пеи, идеите кои ги имале и минатата година, сега се реализирани, па корисниците добиваат добра листа на нови можности.

Сијаличките се поделени на повеќе за поголем избор на функции, а една од поинтересните е можноста да се гледа статусот на нарачката за храна, на пример. Тука е и можноста една од сијаличките да остане вклучена цело време кога е добиено известување од некоја важна апликација.

Цената на Nothing Phone (2) е повисока од ланската, а тоа е и очекувано, но телефонот повторно е поевтин од конкурентите. Цената на новиот модел изнесува околу 680 евра, додека ланскиот модел се продаваше за околу 470 евра.

Кај производите од Nothing може да се види почитта на Карл Пеи за Apple, па може да се каже дека ова е меѓу ретките брендови кои доаѓаат со дизајн вниманието на компанијата од Купертино. Отворањето на кутијата дури е направено со познатата лента која ја користи Apple за лесно отпакување.

ИЗВОРNothing
Претходна статијаНајновиот дизајн на Џони Ајв е грамофонот Sondek LP12 и неговата модерна верзија за 50 годишнината од претставувањето
Следна статијаЗелените коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ одбележуваат една година од имплементацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.