Скопје, 7 декември 2023 г. Од денес па сè до 14 декември, новиот паметен телефон Galaxy S23 FE ќе биде достапен за претпродажба во Македонија. Заедно со телефонот добивате и подарок – слушалки Galaxy Buds FE, кои ќе го комплетираат искуството на паметниот телефон со одличен звук. Samsung Galaxy S23 FE има посебен дизајн, супериорна камера и исклучително искуство за играње што ќе го збогати вашето секојдневие.

Во новата година со нов премиум телефон

Телефонот Galaxy S23 FE го задржува посебниот дизајн на серијата Galaxy S со нови функции како што се лебдечка камера, врвен финиш отпорен на вода и прашина (стандард IP68) и модерен екран. Користените рециклирани материјали и амбалажа обезбедуваат одржливост и функционалност. Достапен е во четири различни бои: графитна, ментол зелена, виолетова и крем, за лесно прилагодување на личниот стил на корисникот. Фотографиите и видеата оживуваат со објектив од 50 MP и оптички зум до 3x, додека функцијата Nightography овозможува одлични снимки дури и ноќе. Со функциите професионален режим на работа и режисерски приказ со вештачка интелигенција, снимањето содржина станува уште поедноставно. Со моќниот процесор, напредниот систем за ладење и долготрајната батерија, Galaxy S23 FE овозможува беспрекорно играње и проследување содржини. Динамичниот AMOLED 2X 6,4-инчен екран, кој автоматски се прилагодува на осветлувањето, дополнително го подобрува корисничкото искуство.

Нарачајте и искористете ја неверојатната понуда

Телефонот Galaxy S23 FE е сега достапен за претпродажба по предложена малопродажна цена од 41.999 МКД. Во периодот на претпродажбата, заедно со овој паметен телефон добивате и подарок – слушалки Galaxy Buds FE. За оваа понуда е потребно да се регистрирате. Акцијата трае од 7.12.2023 до 14.12.2023 или до потрошување на залихите. Повеќе информации можете да најдете на тука.

Претходна статијаGoogle го претстави Gemini јазичниот модел
Следна статијаПреку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето