Shutterstock.com

Поради зголемувањето на бројката на нови заболени со COVID-19 изминатите недела дена, Комисијата за заразни болести денес донесе препорака, а владата подоцна ја потврди со одлука, дека повторно се враќа полицискиот час, после нешто помалку од 10 дена од неговото укинување минатата недела.

Полицискиот час во главно ќе биде од 16 часот до 5 часот наредниот ден, за поголемиот дел од државата, но градовите со најголем број на нови заболени, односно Скопје, Куманово, Штип и Тетово, ќе имаат полициски час којшто ќе трае за целото времетраење на продолжениот викенд.

Тоа значи дека жителите на овие градови нема да може да се движат почнувајќи од утре, 4-ти јуни во 21 часот, до 5 часот во понеделник, 8-ми јуни.

Како главна причина за зголемениот број на нови заболени, а и кога ќе се земе во предвид поминатото време од укинувањето на полицискиот, се истакнува непочитувањето на мерките од одредени групи во истакнатите општини.

Министерот на прес конференцијата која можете да ја погледнете во продолжение истакна дека сепак се познати кластерите од каде што доаѓаат новите заболени, но поради функционирањето на градот и заштита на сите жители, полицискиот час се носи на цела територија, а не само во одредени општини како што се најавуваше како можност.

Исто така, се истакна дека голем дел од заболените не сакаат да кажат со кого точно биле во контакт и слични појави, поради кои беше донесена помалку посакуваната одлука.

Како ќе се продолжи од понеделник не е одлучено, односно во понеделник ќе се знае дали ќе има уште полициски час и колку, а тоа ќе зависи и од бројките на нови заболени наредните денови.

Покрај оваа информација, на прес конференцијата беше истакнато дека на сите жители во целата земја им се забранува посета на гробиштата, освен за погреб, поради верскиот празник во петок, поради кој е можно групирање на поголеми групи.

Претходна статијаGalaxy Note20 можно е да дојде со трета Ultra верзија исто како Galaxy S20
Следна статијаЗошто топлинските пумпи за ладење и греење се иднината за економичен дом?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.