????????????????????????????????????

Телеком ќе ги награди трите најдобри тимови со Samsung таблети

Во Телеком Иновативниот Центар, во управната зграда на Македонски Телеком денес започнува четвртиот Стартап Викенд Скопје 2015. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со локалната стартап заедница, да ги развиваат своите идеи, да добијат вредни награди и да се стекнат со огромно искуство и нови контакти. Освен голема техничка опременост за реализација обезбедена од Македонски Телеком, што ќе го подобри искуството за учесниците и посетителите на настанот, тие ќе имаат и свои претставници во улога на судии и ментори, а најдобрите тимови ќе бидат наградени со Samsung таблети.

„Ние веруваме во иновативноста на македонскиот пазар и нашата определба е да бидеме силни поддржувачи на иновациите и новата технологија и тоа го докажавме со учеството во меѓународниот натпревар Business Wall of Fame, иницијативата Climate challenge камп, сега и со поддршката на Стартап Викенд Скопје 2015.

Се надеваме дека со најдобрите ќе изградиме партнерски однос кој ќе донесе нови вредности и нов квалитет и ќе води до понатамошни придобивки како за деловниот сектор, така и за приватните корисници“ – изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ – Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија.

Стартап Викенд е 54 часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат.

Стартап Викенд глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави, а ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Секој настан во просек има 85 учесници, кои реализираат по околу 10 нови идеи. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000 учесници на глобално ниво.

Трите најдобри тима Телеком ќе ги награди со таблети, а освен овие подароци победниците на Стартап Викенд Скопје ќе имаат можност да учествуваат на Spark.me конференцијата во Будва, DigitalK конференцијата во Софија и Startup Weekend Sofia.

Повеќе информации на: www.sw.mk

Претходна статијаАвтоматско откривање на микроби во крвта со помош на iPhone
Следна статијаSoverin – Нов email сервис кој нема да ги продава вашите податоци за реклами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.