tim-cook-keynote

Во текот на вчерашниот ден Окружниот суд на областа Калифорнија им наложи на Apple да помогнат во пробивањето на заштитата на одреден iPhone уред и со тоа да се добие пристап до сега енкриптираната содржина.

Конкретно се работи за iPhone којшто бил откриен за време на случувањата во Сан Бернандино минатата година во еден не толку ретките случаеви во САД на пукање и масовни убиства во одредени места.

Поради тоа што Apple не ги чува клучевите коишто се потребни за отклучување на енкриптираните телефони, од нив се бара да направат посебна верзија од iOS, односно и посебен софтвер којшто ќе овозможи FBI да се обиде да ја пробие лозинката. Тоа би можеле да го направат доколку Apple овозможи тргање на лимитот на обиди на внесување на лозинката, како и бришењето на телефонот како заштита од пробивање.

Од FBI се истакнува дека ова би било направено само за овој конкретен телефон и дека нема ризик сигурноста на останатите iPhone-и да биде доведена во прашање.

На ова од Apple реагираат дека не е баш точно и тие се’ уште размислуваат како да одговорат на судската одлука. Додека одлуката биде донесена тие се обидуваат преку покренување на јавна дебата да направат нешто околу овој случат. Директорот Тим Кук излезе со јавно писмо преку страна на Apple каде што објаснува некои од нивните ставови.

Порака до нашите клиенти

Владата на Соединетите Држави побара да Apple преземе чекор без преседан којшто ја загрозува сигурноста на нашите клиенти. Ние се спротивставуваме на оваа наредба, којашто што има импликации многу поголеми од правниот случај во прашање.

Овој момент повикува на јавна дискусија и ние сакаме нашите клиенти и луѓето низ земјата да разберат што е во прашање со овој случај.

—–

Ние бевме шокирани и навредени од смртниот акт на тероризам во Сан Бернандино минатиот декември. Жалиме за загубените животи и сакаме правда за сите тие чии што животи беа погодени. FBI од нас побара да помогнеме во деновите кои следеа по нападот и ние работевме напорно да ги поддржиме владините напори за решавање на овој ужасен криминал. Ние немаме сочувство за терористи.

Кога FBI ги побараа податоците коишто се во наше поседување, ние им ги доставивме. Apple работи во согласност со валидни судски покани и налози за претрес, како што беше случајот со Сан Бернандино. Ние исто така ги ставивме на располагање инженерите од Apple да ги советуваат FBI и ги понудивме нашите најдобри идеи на поголем број на можности за истрага.

—–

Владата предлага дека оваа алатка ќе може да биде искористена само еднаш, на еден телефон. Но тоа едноставно не е точно. Кога еднаш ќе биде направена, техниката ќе може да биде искористена повторно и повторно на било кои уреди. Во физичкиот свет би било еквивалент на главен клуч којшто е способен да отклучува стотици брави – од ресторани и банки до продавници и домови. Ниту една разумна личност нема да го смета тоа за прифатливо.

Целото писмо од Тим Кук можете да го прочитате на следниот линк.

Како големите компании ќе се постават кон државата во ваквите случаеви ќе го постави патот по којшто ќе се движиме во иднина. Искуството покажало дека и покрај тоа што властите се борат против криминал и тероризам, тие не ретко претеруваат со мерките коишто сметаат дека се оправдани за таа цел. Трпи приватноста на луѓето, а никогаш не се знае кога тоа ќе биде злоупотребено од властите, како и одредени криминални групи.

Извор: Apple, The Verge (1), (2)

Претходна статијаПретставен Meizu PRO 5 Ubuntu Edition – Досега најдобриот Ubuntu телефон
Следна статијаLG го претстави Stylus 2 – голем 5,7 инчен смартфон од средната класа со дигитално пенкалце
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.