16add4afa1d92c486516db1216bc0498_original

Гласините за кои повеќето фанови на Pebble часовниците се надеваа дека нема да се остварат, сепак денеска официјално се потврдени од самата компанија. Pebble од оваа недела целосно престанува со работа, а дел од вработените ќе станат дел од исто така познатата компанија Fitbit.

Причината за ова е лошата финансиска состојба во која се наоѓале од Pebble, нешто што не беше јавно прикажано, па за доста корисници информацијата дојде како големо изненадување. Сепак, паметните часовници од Pebble беа едни од најмногу популарните, а посебно поради користењето на e-ink екрани кои овозможуваат многу мала потрошувачка на енергија, па овие часовници не мора да се полнат секој ден како конкурентските.

Од Fitbit, со купувањето на компанијата ќе ги задржат само лиценците за интелектуална сопственост, софтверските инженери и слично. Остатокот, односно производствените погони, дизајнерите и слично ќе бидат затворени и компанијата официјално престанува со постоење и работа.

d103f4f7bf986b479b019deff520247c_original

Работите да бидат уште полоши, сите корисници кои имаат купено Pebble часовник, веќе не може да сметаат на нивната гаранција или било каква корисничка поддршка.

Тие коишто имаат нарачано нови часовници оваа година, односно Pebble 2, Time 2 и Core моделите, може да очекуваат враќање на парите преку Kickstarter идната година.

Престанокот со работа на Pebble, посебно во вакви околности, не е само проблем за корисниците, туку и додава дополнителна дамка на платформите како Kickstarter, кои веќе имаат одреден процент на пропаднати проекти, како и такви кои никогаш немаат профункционирано и покрај собраните средства.

Pebble беше една од најпознатите компании на Kickstarter, па до оваа година тие, барем навидум, функционираа одлично.

Извор: Kickstarter Pebble, TNW, Gizmodo

Претходна статијаНадградбите на апликациите на Android ќе бидат уште помали со нов алгоритам
Следна статијаIntel ќе користи графички чипови на AMD во своите процесори?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.