Основачот и поранешен директор на Ookla, Даг Сатлс, компанијата зад познатиот сервис Speedtest.net, заедно со уште еден директор од компанијата, претставија нов сервис наречен Orb.
За разлика од Speedtest, Orb на корисниците треба да им овозможи понапреден начин на мерење на својата интернет конекција, која во денешно време нема проблем со брзината.
Работата на Orb е започната пред две години, а се истакнува дека алатките како Speedtest веќе не можат да му ја кажат на корисникот „целата приказна“ за неговата конекција. Ваквите алатки биле корисни порано, кога главната информација која корисниците сакале да ја измерат е брзината.
Orb како алатка е достапна на скоро сите платформи, односно може да се користи апликацијата за Windows, macOS, Android, iOS и Linux, а достапна е дури и на уредите од паметниот дом и слично.
За разлика од другите алатки, Orb функционира вклучена во позадина и своите мерења ги прикажува за подолго време, а може да се избере од 1 минута, 5 минути, 1 час, како и 24 часа.
За целото време додека е вклучена апликацијата, ги мери неколкуте параметри, вклучително и брзината, па корисниците можат да добијат многу подобра претстава за нивната конекција, а не само моменталната брзина.
Параметрите кои ги мери Orb и се главната карактеристика на апликацијата се поделени во три категории, односно одзив, каде се мерат „lag“, „jitter“ и загубата на пакети, потоа достапноста на конекцијата преку мерка за нејзината конзистентност, како и брзината за која се мери и максималната брзина.
За сето ова се добива и вкупна оценка од 1 до 100, па се што е над 80 се смета за добра конекција. Доколку оценката е пониска, апликацијата дава и предлози што може да се направи.
Orb оди и чекор понатаму, па со креирање на сметка може да се следи конекцијата на повеќе уреди и да се добиваат известувања.
Сето ова покажува дека од компанијата планираат оваа алатка да ја понудат и на професионалците, а на тој начин и планираат да заработуваат од Orb. За обичните корисници апликацијата може да се користи бесплатно.