Ко-основачот на познатиот бренд OnePlus и основач на компанијата Nothing, Карл Пеи, кој имаше доста што да каже за пазарот на смартфони и како неговата компанија ќе претстави нешто поразлично на пазарот, направи рецензија на iPhone 14 Pro.

Дефинитивно е интересно да се видат официјалните ставови на директорот на една компанија за некој нивни конкурент. Ова дополнително е интересно и поради начинот на кој Карл Пеи настапува во јавноста, а и големата споредба која се прави помеѓу Nothing Phone (1) и iPhone поради сличност во изгледот.

Видеото почнува со еден вработен во Nothing кој оди во најблиската Apple продавница и му купува на Пеи iPhone 14 Pro, поради неговата изјава дека би сакал да направи рецензија на некој производ, како што тоа го прават познатите „јутјубери“.

Интересно, Карл Пеи неколку пати прашува дали некој платил за тој телефон, по што решава да го користи неколку денови пред да ги каже неговите ставови. Вработениот дури се јавува до Apple да праша каква им е политиката за враќање на купен производ.

Пеи ја започнува својата рецензија истакнувајќи дека отсекогаш бил фан на Apple, по што продолжува да говори за дизајнот. Кажува дека Dynamic Island исечокот е навистина паметен дизајн, но значењето кое му е дадено е непотребно големо.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаВтората генерација од Gorilla Glass Victus ја подобрува издржливоста при пад на тврда површина
Следна статијаFirefox Translations ги преведува веб страните со зачувување на приватноста на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.