Фото: Oppo

Oppo го најави својот нареден уред на преклоп, од категоријата на уреди како „книга“, како најтенкиот на пазарот. Сега Oppo Find N5 е официјално претставен и гледаме дека од компанијата не претерале со својата најава. 

Главната карактеристика со која започнува претставувањето на Find N5 е неговата дебелина. Истата изнесува 8,93 милиметри кога е затворен, со што корисниците конечно добиваат ваков вид на уред кој може да се користи како класичен смартфон и да не се забележи дека се работи за уред на преклоп. 

Кога е отворен, Oppo Find N5 има дебелина од само 4,2 милиметри, па димензиите на овој уред се очигледни и без да ги кажеме бројките, доволно е да се види и да се спореди со конкурентите. 

Главниот конкурент на пазарот, Galaxy Z Fold6 од Samsung, доаѓа со димензии од 12,1 милиметар кога е затворен, односно 5,6 милиметри кога е затворен. Дефинитивно може да се каже дека Oppo го имаат најтенкиот ваков уред на пазарот.

Големината на екранот кај Find N5 исто така е одлична, па кога е отворен, внатрешниот екран има дијагонала од 8,12 инчи, додека надворешниот екран кој би се користел како класичен смартфон има големина од 6,62 инчи. 

Двата екрани се направени со OLED технологија и имаат 120 херци стапка на освежување. Исто така двата екрани се со LPTO технологија која овозможува доста пониски стапки на освежување и со тоа заштеда на енергијата при прикажување на информации на екранот. 

Фото: Oppo

Перформансите кај Oppo Find N5 се нешто на кое исто така не е штедено, па овој телефон работи на Snapdragon 8 Elite, заедно со 12 или 16GB RAM. 

Главната камера кај уредот е со 50 мегапиксели, а достапна е и телефото камера со ист број на мегапиксели, како и ултра широка камера со 8 мегапиксели. „Селфи“ камерата доаѓа со сензор со 8 мегапиксели. 

Тоа што посебно се истакнува кај Oppo Find N5 е новата технологија за батерии која почнаа да ја користат кинеските производители, а се очекува да стане стандардна кај повеќето од оваа и идната година.

Батеријата кај Find N5 користи силициум-јаглеродна батерија која овозможува поголема густина на енергијата во споредба со литиум-јонските батерии кои се користат кај повеќето батерии. 

Поради тоа, Find N5, иако е доста потенок, доаѓа со батерија со капацитет од 5.600 mAh. За споредба, Galaxy Z Fold6 има батерија со капацитет со 4.400 mAh. Батеријата кај Oppo Find N5 може да се наполни за 50 минути. 

Oppo Find N5 како што би се очекувало доаѓа со доста функции на основа на генеративната вештачка интелигенција, а како дел од ColorOS 15 се истакнува и можноста за поврзување со macOS за споделување на датотеки и слично. 

Официјалното претставување на Oppo Find N5 можете да го погледнете во продолжение, како и уште два видеа од познатите „Mrwhostheboss“ и „Marques Brownlee“. 

ИЗВОРOppo
Претходна статијаApple го претстави својот прв и долгоочекуван 5G чип
Следна статијаFirefox ќе продолжи да добива поддршка за постарите оперативни системи дополнителни шест месеци од планираното
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.