Фото: Shutterstock.com

Microsoft ја користи уште од самото претставување на новиот Bing, OpenAI дури сега официјално ја претстави наредната верзија од нивната GPT алатка, GPT-4. За почеток новата верзија ќе може да ја користат ChatGPT Plus претплатниците, а подоцна ќе биде ажурирана и бесплатната верзија.

Новата верзија од GPT може да реши потешки проблеми со поголема точност, а зголемена е и базата на информации, како и способноста за решавање на проблеми, истакнуваат од OpenAI.

Една од главните новини кај GPT-4 е можноста да се внесе слика во разговорот, а ChatGPT врз основа на таа слика ќе даде одредени одговори. Пример за оваа новина е внесување на слика со состојки, па ChatGPT може да даде одговор какви се јадења може да се направат со тие состојки.

GPT-4 верзијата може да процесира до 25.000 зборови, што е до осум пати повеќе од претходната верзија, односно GPT-3.5. Ова е корисно за подолгите разговори кои ги прават корисниците со ChatGPT, како и за создавање на подолги текстови, една од поголемите можности кои се користат од вештачката интелигенција, а посебно од студентите и програмерите.

GPT-4 моделот е трениран на Microsoft Azure AI супер компјутери, а како што е познато Microsoft е можеби најголемиот инвеститор во OpenAI и има одредени ексклузивни права во соработката.

На новата верзија од GPT посебно внимание е дадено и на безбедноста, па од OpenAI истакнуваат дека GPT-4 има 82% помалку шанса да одговори со недозволена содржина, како и 40% поголема шанса да одговори точно во споредба со претходната верзија.

Точноста на одговорите е до некаде проблем за ваквите алатки кои се тренирани да дадат одговор дури и кога истиот не можат да го најдат. Затоа голема предност е што Bing дава линкови од каде ги влече своите одговори, па кога нешто е доста важно, може да се провери точноста на одговорите.

ИЗВОРBBC
Претходна статијаGalaxy Watch6 Pro ќе ја врати ротирачката рамка која многу корисници ја бараат
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy A54 и Galaxy A34 со подобрени екрани и камери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.