Македонски Телеком на своите Smart и Magenta 1 корисници  им нуди нова опција VIDEO со која неограничено ќе можaт да гледаат видео содржини од Youtube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон, без притоа да трошат од мобилниот интернет вклучен во претплатата.

Опцијата Video е за сите оние кои не можат да се разделат од најновите хитови на  Youtube каналите на светските музички ѕвезди, оние кои сакаат да ги следат најгледаните ТВ серии на Netflix и HBO GO, како и сите оние кои сакаат да се информираат преку содржините на MaxTV GО.

За да можете да ги гледате содржините на Netflix, HBO GO и MaxTV GO потребно е да сте регистриран корисник на овие стриминг сервиси. Услугата не го троши мобилниот инернет вклучен во пакетот, но потребно е да имате мобилен интернет таа за да може да функционира.

За оваа опција не ви се потребни инсталации и ажурирања на смартфонот, зашто функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем.

Месечната цена за опција Videо е 99 денари во Smart и Magenta 1 M, додека за корисниците на Smart и Magenta 1 L, опцијата е достапна за 0 денари.

Опцијата Videо се активира со повик кон 122 или во Телеком продавниците.

Претходна статијаСофт Скилс Академија Скопје организира бесплатни обуки за сите студенти од Македонија
Следна статијаКонечно најдено решение против пластиката – еве што „ја јаде“