Зачекорете во светот на напредната технологија уште денес, со неверојатната понуда за Redmi Note 12 серијата. Доколку купите некој од моделите на Redmi Note 12 серијата – Redmi Note 12, Redmi Note 12S, Redmi Note 12 Pro, Redmi Note 12 Pro 5G или Redmi Note 12 Pro + 5G, во период од 5 јуни до 2 јули, ќе добиете не само едно, туку две изненадувања: Redmi Buds 4 Lite слушалки и Redmi Band 2 паметена алка.

Оваа понуда е навистина неверојатна, а во продолжение ќе ви откриеме и зошто.

Redmi Note 12 серијата донесува два исклучителни модели – Redmi Note 12 и Redmi Note 12 Pro 5G – кои се дизајнирани за да ги задоволат сите потреби на корисниците.

Redmi Note 12 импресионира со 120 Hz AMOLED екранот, додека 6 nm Snapdragon 685 процесорот и 4 GB RAM овозможуваат брзина и ефикасност. Со 64, односно со 128 GB внатрешна меморија, овој модел дава доволно простор за чување на фотографии и мултимедијални содржини.

Исто така, Redmi Note 12S пружа неверојатно визуелно искуство на 90Hz FHD+ Amoled DotDisplay екранот. Придвижуван од MediaTek Helio G95 чипсетот и од 8 GB RAM, гарантирајќи беспрекорен мултитаскинг и играње игри без багови.  Со тројната камера од 108MP, корисниците ќе успеат да го доловат секој момент без да се грижат за нивното зачувување, благодарејќи на 128 GB внатрешна меморија.

Во врска со Redmi Note 12 Pro, овој модел се издвојува со својот софистициран дизајн и со врвните перформанси. Поседува 6.67’’ FHD AMOLED DotDisplay екран со брзина на освежување од 120Hz, како и главна камера од 108MP и Qualcomm Snapdragon 732G чипсет.

Доколку сте во потрага по телефон што ќе го следи вашето секојдневие, Redmi Note 12 Pro 5G е вистинскиот избор за вас. Го придвижува MediaTek Dimensity 1080 5G што овозможува беспрекорна работа на уредот. Исто така, поседува систем на тројна камера 50MP+8MP+2MP со IMX766 сензор.

Сепак, моделот што се издвојува е Redmi Note 12 Pro+5G заради камерата со 200MP со OIS, како и MediaTek Dimensity 1080 процесорот. Тука е и AMOLED екранот од 120 Hz, како и 120W HyperCharge полначот, со чија помош ќе го наполните телефонот до 100% за само 19 минути. Исто така, овој уред овозможува и неверојатно аудио-визуелно искуство благoдарејќи на Dolby Vision и на Dolby Atmos.

Доколку ја искористите оваа понуда до 2 јули, бесплатно ќе добиете дури и две изненадувања. Едното од нив се Redmi Buds 4 Lite слушалките што овозможуваат импресивен квалитет на звукот, вклопувајќи се удобно и, овозможувајќи целосно да уживате во омилената музика или подкасти. И тоа не е сè, бидејќи второто изненадување што ќе го добиете е Redmi Band 2, паметна алка која е дизајнирана за да го следи вашиот активен животен стил затоа што, помеѓу другото, го следи и вашиот пулс, но нуди и дури 30+ фитнес режими.

Повеќе информации побарајте на линкот.

Претходна статијаBing Chat ќе може да се користи и од други прелистувачи
Следна статијаMicrosoft ја откажува поддршката за Cortana до крајот на годината