Nvidia

После најавите при крајот на минатиот месец, сега и официјално се откажува договорот за купување на ARM од страна на Nvidia. Главната причина е проблемите со регулаторни тела од повеќе земји, а тука се и жалбите од конкурентите на Nvidia.

Со откажувањето на договорот, сопственикот на ARM, SoftBank, ќе ги задржи веќе платените 1,25 милијарди долари соогласно на условите во договорот.

Од компанијата планираат да се вратат на вториот план, односно акциите на ARM ќе бидат јавно понудени за продажба, па на тој начин ќе се дојде до саканите средства, како и промена на сопственичката структура на компанијата.

Директорот на ARM по оваа одлука ја напушти својата позиција, па на неговото место дојде Рене Хаас.

„Nvidia и SoftBank Corp. денеска го најавија раскинувањето на претходно најавената трансакција каде Nvidia би ја купила ARM од SoftBank. Страните се сложија да го раскинат договорот поради големи регулаторни предизвици кои го спречија случувањето на трансакцијата и покрај добронамерните напорите на страните. ARM сега ќе започне со подготовки за јавна понуда.“ – истакнаа компаниите во соопштението за откажување на договорот.  

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2Nvidia
Претходна статијаАпликацијата Мојот А1 со нова функционалност – дигитален техничар, достапен 24/7
Следна статијаVillage Roadshow ги тужи Warner Bros за паралелното пуштање на The Matrix Resurrections во кината и на HBO Max
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.