Apple Music Classical е нова апликација од Apple преку која од компанијата посебно сакаат да им овозможат слушање на класична музика на љубителите на овој „жанр“. Апликацијата намерно е издвоена од главната апликација, иако и преку неа може да се слуша класична музика.

Слушањето преку посебната апликација, односно преку Apple Music Classical, треба да овозможи нешто подобар алгоритам направен конкретно за овој вид на музика, а ќе бидат достапни и посебни „плејлисти“.

Apple оваа апликација ја има направено како резултат на купувањето на компанијата Primephonic во 2021 година. Првичните планови биле истата да биде интегрирана во Apple Music, но во меѓувреме од компанијата се решаваат за вакво посебно решение.

Апликацијата беше додадена во App Store на почетокот од месецот и беше овозможено истата автоматски да се инсталира по официјалната достапност. Од денес Apple Music Classical е достапна за симнување од App Store, па сите корисници можат да ја симнат.

Апликацијата не бара дополнителна претплата, но затоа за нејзино користење мора да се има претплата на Apple Music, што значи дека не е бесплатна за користење.

Исто така, апликацијата на почеток е развиена само за iPhone, па не е достапна на компјутерите од компанијата, а исто така нема прилагодена верзија за iPad, но може да се инсталира.

Претходна статијаApple ја пушти iOS 16.4 надградбата која донесува изолирање на гласот на корисникот
Следна статијаПантелеон ГС: Креиравме можности за успешна кариера со американски плати во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.