Samsung вчера официјално ја најави бета верзијата од One UI 7, односно наредната верзија од One UI која е направена на најновата, Android 15 верзија. Поради некој причина, надградбата оваа година доаѓа доста подоцна, па финалната верзија нема ни да биде достапна до крајот на годината. 

Корисниците можат да очекуваат дека процесот на надградба ќе започне од јануари идната година, односно по претставувањето на Galaxy S25 серијата. 

Од неофицијални видеа кои беа достапни досега можевме да видиме дека One UI 7 е доста голема надградба, посебно во делот на корисничкиот интерфејс. Слободно може да се каже дека инспирација за промените доаѓа во голем дел од iOS 18, а сега со пуштањето на бета верзија и целосното прикажување на системот, може да се заклучи дека дефинитивно One UI 7 оди директно во правец на конкуренција со iOS 18. 

Достапна е дури и конкуренција на Dynamic Island, која во One UI 7 се нарекува Now Bar, а информациите се прикажуваат во долниот дел од екранот и мора да се признае дека изгледа одлично, заедно со анимациите. 

One UI 7 донесува и доста големо подобрување на перформансите, а може да се види и колку анимациите низ системот се подобрени и сега функционираат како што би требало. 

За останатите промени веќе пишувавме, а во продолжение можете да ги погледнете двете видеа кои ја тестираат официјалната бета верзија од One UI 7 со детално прикажување на сите новини. 

Претходна статијаTelegram ќе започне со посериозно справување со „слики од сексуална злоупотреба на деца“ во јавните пораки
Следна статија„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.