1. Претставете го тимот

Здраво, ние сме Dark-1, тим од тројца другари кои заедно развиваат игри. Тимот го сочинуваат Марко Зарев, Симон Стојановски и Кристијан Трајковски. Сите сме гејмери и имаме професионално искуство со развој на игри

  1. Од кога се занимавате со game development?

Тимот започна со game jam дружба од 2012, и потоа продолживме да работиме заедно поради добрата соработка и заедничките интереси. Од тогаш наваму редовно се дружиме на гејм џемови, видовме дека добро ни оди, и решивме да започнеме посериозно да работиме заедно. Членовите имаат професионално искуство надвор од тимот, за различни компании и во различни сфери кои лесно се пренесуваат во game development.

  1. Зошто програмирате баш игри?

Затоа што сме пораснати со игри и работата е забавна.

  1. Опис на играта и инспирација за неа.

Odium е идеја која постои од првиот GGJ Македонија, со тема Heartbeat, каде што победивме со прототип од неа. Минатата година решивме дека треба да ја развиеме како целосна игра. Играта има многу едноставна контрола, каде со притискање и пуштање на екранот се движите горе-доле. Нивоата се направени според музиката на Андријан Апостолоски, и се полни со предизвици и стапици. Фидбек за неа може да ни оставите на https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScHQbPanZrRSyaCpq7O21RFNOYm9JErTJ2Wge12HDh68_VX-A/viewform. Инспирација за играта добивме од стара анимација на Симон.

  1. Дали ја пичувавте некаде до сега и ако да, како помина?

Досега не сме имале пич во правата смисла на зборот. Имавме неколку состаноци на кои ни стана јасно дека никој во Македонија нема искуство со инвестирање во игри од овој тип, па решивме дека најдобро е играта сами да ја развиеме и издадеме.

  1. Каква е гејминг сцената во Македонија?

Во Македонија во моментов има неколку мали тимови кои активно развиваат посериозни игри. Сепак, сметаме дека има огромен потенцијал за развој, доколку земеме во предвид посетеноста на Global Game Jam во Македонија. Во 2016, Македонија беше на 5то место по број на направени игри според број на население:

Играта можете да ја симнете од Play Store преку следниот линк.

Оставете коментар