Неколку години го чекаме влезот на Google на пазарот на уредите на преклоп, како што е Galaxy Z Fold од Samsung. Pixel Fold, како што сега неофицијално се нарекува, неколку пати се одложува, па оваа година можевме да прочитаме дека ќе биде претставен до крајот на годината, но најновите информации го ставаат некаде во мај идната.

Без разлика на точниот месец кога ќе биде претставен, сега можеме да бидеме сигурни дека тоа ќе се случи, а првите неофицијални слики од уредот го зацврстуваат тој заклучок.

Сликите ги објавува Џон Просер од Front Page Tech и истите се направи врз основа на информациите кои тој ги има за Pixel Fold. Ова е стандарден начин на објава на изгледот на необјавените уреди, преку „рендери“ направени на основа на информациите.

Од тоа што може да се види, Pixel Fold ќе има очекуван изглед, односно ќе биде во стилот на Galaxy Z Fold и ќе го менува форматот од мал таблет во смартфон.

Дизајнот на Pixel Fold изгледа доста сличен со Pixel 7 серијата, со мала разлика во модулот за камерите кој ќе биде повеќе видлив и издвоен од страните на уредот.

Тоа што исто така посебно се истакнува се поголемите рамки околу внатрешниот екран, а исто така делува дека Pixel Fold ќе биде потенок од тоа што може да се види кај конкурентите.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од Џон Просер во кое ги објавува сите детали кои ги има добиено.

ИЗВОРJon Prosser Twitter
Претходна статијаСојузот на средношколци со поддршка за студентите и предложената мерка за помош на средношколците во услови на криза
Следна статијаVivo ќе ја претстави X90 серијата на 22 ноември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.