BWF_2015_NEWSLETTER MK NOVO V7

  • SMD Smart Electronics со решението BCON wireless socket добива награда „Најдобро деловно решение за IoT” во Mакедонија, вклучувајќи и национална маркетинг кампања (со вредност до 30.000 евра)
  • Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД добива награда „Најдобар поддржувач на националното деловно решение за IoT” во Земјата, вклучувајќи и национална кампања (со вредност до 20.000 евра)
  • Беа добиени над 200 апликации од развивачите, а повеќе од 42 000 деловни корисници гласаа за иновативни решенија за „Интернет на нештата“ („IoT“) на осум пазари

Македонски Телеком со задоволство ги објавува победниците на вториот меѓународен натпревар „Business Wall of Fame“: BCON Wireless Socket на SMD Smart Electronics беше избрано за најдобро решение за „Интернет на нештата“ што ја поедноставува работата на деловните корисници, но и на физичките лица. BCON Wireless Socket е уред кој овозможува бежична интернет регулација и комуникација со останатите паметни уреди во домот или компанијата, со помош на паметен телефон. Се работи за своевиден паметен штекер кој овозможува заштеда на енергија дури и кога корисникот е далеку од домот или канцеларијата. Сé што е потребно е уредот да е вклучен во штекер и интернет врска, а понатаму преку апликација и паметен телефон може да се управува со сите паметни уреди во домот или канцеларијата кои се приклучени на BCON.

“Дојде време на поврзаност и подобра комуникација со апаратите и уредите, а конкретно нашето решение нуди поврзување на сите уреди во домот или канцеларијата, флексибилен е, универзален и применлив во секоја индустрија. Со уредите поврзани на тој начин, нашиот живот станува поедноставен и побезгрижен, а времето покорисно“ – изјави“ – Никола Николовски од SMD Smart Electronics.

Дадената поддршка за најдоброто IoT решение во Македонија се исплатеше за Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД, основан во 1975 година, кој нуди услуги во сите области на градежништвото почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, ревизија на проекти, надзор над изградба, лабораториска контрола на квалитет, па се до изведба на специјалистички работи и консалтинг.

„Сите функционалности на BCON можат да бидат дел од решенијата за идните термотехнички и електротехнички инсталации, а со тоа ќе се обезбеди поголема ефикасност, контрола и мониторинг врз целокупниот процес на работа“ – изјави Тоде Касапинов, раководител на ИТ оддел на ГИМ.

„Победата на SMD Smart Electronics со решението BCON wireless socket е потврда дека во Македонија има потенцијал да се креираат извонредни IoT решенија, кои би можеле да се имплементираат и интернационално, а овој бизнис сегмент да биде силен фактор на економски развој. Очекуваме BCON wireless socket да стане применливо IoT решение и со наша поддршка многу скоро да направи исчекор и на глобалниот пазар“ – изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија и член на жири комисија на BWoF.

Натпреварот Business Wall of Fame е втора мултинационална кампања на Дојче Телеком чија цел е изнаоѓање на иновативни IoT решенија со коишто се поедноставува работата на деловните корисници. Меѓународната кампања започна во април и се спроведуваше во осум земји: Македонија, Австрија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словачка. Севкупно, во текот на натпреварот се пријавија над 200 развивачи на IoT решенија а вкупно 160 решенија беа прифатени и поставени на централната веб страна на натпреварот: wallofbusiness.com. На меѓународните и на локалните натпревари беа поднесени голем број на решенија од областите на интелигентите згради, јавниот сектор/„паметни градови“, како и транспортот и логистиката. Повеќе од 42.000 деловни корисници гласаа за нивните омилени решенија и им помогнаа на стручните жирија на Дојче Телеком да го изберат најдоброто меѓународно решение за IoT, како и најдобрите национални решенија за IoT и нивните најдобри поддржувачи од секоја земја коишто учествуваа во натпреварот.

За да дознаете повеќе за меѓународните и за националните победници, или да добиете повеќе информации во врска со натпреварот, учеството, гласањето и условите, одете на: www.wallofbusiness.com.

Претходна статијаОсвежениот PlayStation 4 троши многу помалку енергија
Следна статијаНастан на 2016/2017 – САД и Јапонија ќе ги судрат силите преку двобој на огромни роботи