Со претставувањето на новото лого за Microsoft Edge од компанијата најавија и дека финалната верзија од прелистувачот, кој моментално е до бета фаза, ќе биде официјално достапна од 15 јануари 2020.

Од оваа дата новата верзија од Microsoft Edge, која е направена на основа на Chromium, ќе стане официјалната верзија достапна за корисниците на Windows 10, односно ќе ја замени досегашната која доаѓа со оперативниот систем.

Замената на двете верзии ќе биде направена како што би се очекувало, односно преку Windows Update автоматски. Тоа значи дека почнувајќи од 15 јануари, моменталната верзија од Microsoft Edge ќе биде автоматски надградена со целосно новата верзија направена на основа на кодот од Chromium.

Ова ќе биде последната автоматска надградба на Edge преку Windows Update, а сите наредни ќе се прават автоматски преку самиот прелистувач, односно како што е случајот кај Google Chrome, Mozilla Firefox и другите.

Тоа значи дека Microsoft Edge сега ќе добива многу поредовни надградби, поточно на секои 6 недели, како што се надградува кодот на Chromium, а безбедносните надградби ќе бидат пуштани по потреба, односно веднаш.

Microsoft објаснува дека прилагодувањата, кратенките во Старт менито, на десктопот и таскбарот, ќе бидат заменети со новата верзија, а старата веќе нема да може да се вклучи и нема ни да биде прикажана.

Доколку од компаниите, па и некој од домашните корисници, поради некоја причина не сакаат да им биде инсталирана новата верзија од Edge, тоа ќе може да го „спречат“ преку алатка која Microsoft им ја направи достапна, односно со Blocker Toolkit.

Од Microsoft детално ги објаснуваат сите промени кои ќе се случат на ниво на оперативниот систем со инсталацијата на новата верзија, па доколку ве интересира можете да ги прочитате на нивната страна.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаMicrosoft го менува брзиот круг во Windows Insider програмата
Следна статијаPornhub одличен извор на статистика за бројот на корисници на различните верзии од Android оперативниот систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.