Минатиот месец Microsoft најави дека подготвуваат доста голема надградба на нивната мала, едноставна и сигурно потценета апликација Sticky Notes. Не кажаа кога може да се очекува новата верзија, па истата сега е достапна за Microsoft 365 Insider корисниците, односно на тест верзиите од Office апликациите.

Тоа е така затоа што Sticky Notes добива интеграција со OneNote апликацијата, нешто што веќе одреден период го гледаме кај мобилната апликација од OneNote.

Корисниците за време на тест периодот ќе мора да ја вклучат OneNote апликацијата и од таму, преку новото копче, да ја стартуваат Sticky Notes. Потоа, апликацијата ќе може да биде поставена на долната лента од Windows, а кога ќе биде официјално пуштена за сите корисници истата ќе биде достапна и преку Старт менито, а ќе може да се активира и преку моменталната верзија од апликацијата.

Како главна новина кај Sticky Notes доаѓа можноста за работа со слики од екранот. Ново копче е достапно до копчето за нова белешка со кое веднаш се прави слика од моментално активната апликација. Тоа значи дека доколку се гледа некоја презентација преку Microsoft Teams, на пример, со притискање на ова копче зачуван ќе биде целиот прозор од апликацијата.

Тоа што ја прави навистина корисна оваа новина е што по правењето на слика од екранот, автоматски за зачувуваат и додатни информации, како што се од која апликација е направена сликата и на која дата.

Доколку се направи слика од екранот од веб страна, заедно со информациите се зачувува и линкот до страната за лесно отворање на истата подоцна.

Sticky Notes е одлична апликација за брзо правење на кратки белешки за кои не е потребно вклучување на некоја од посериозните апликации како OneNote. Има и доста логика што Microsoft се реши да ги спои овие две апликации.

Останува функцијата за синхронизирање на белешките, па со најавување со Microsoft сметката, сите белешки ќе бидат достапни на сите уреди од корисникот.

Sticky Notes сега може и да се „прикачи“ на екранот, односно да се постави на десната страна со цел да е достапна цело време.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаСтручно издание на проф. д-р Орце Симов: „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“
Следна статијаКаратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.