Фото: Apple

Apple минатата недела потврди дека оваа недела можеме да очекуваме нови Mac компјутери, а најавите на овие компјутери ќе бидат распределени во неколку денови. Неделата на нови Mac компјутери започнува со iMac, па овој се-во-едно компјутер доби надградба со новиот и подобар M4 чип. 

Apple го прескокна M2 чипот кога е во прашање iMac, па добро е што гледаме дека сега продолжува со редовна надградба на овој популарен компјутер. Штета останува само што не се планира нов верзија од 27 инчната варијанта, па изгледа iMac сега е наменет за помала група на корисници. 

Главната новина кај iMac е додавањето на M4 чипот кој иако донесува одредени подобрувања кај перформансите, тие сепак најмногу ги има во случајот со NPU, односно со процесорот наменет за вештачка интелигенција. 

Од денес официјално е пуштена и macOS 15.1 верзијата, со што корисниците конечно добиваат пристап до Apple Intelligence. 

Поради тоа, Apple се одлучи да основната меморија кај iMac е 16GB RAM, а ова веќе беше неофицијално најавено дека ќе биде случајот со сите нови компјутери кои од компанијата ќе ги претставуваат во иднина. 

Поради не толку големата разлика во перформансите со ланскиот модел, Apple споредбата ја прави со M1 моделот од пред три години. Па така, тие истакнуваат 1,7 пати подобрување на перформансите, како и 2,1 пати кога е во прашање графиката. 

Новина оваа година е што корисниците ќе можат да изберат нано-текстура кај стаклото, исто како и кај мониторите од Apple. Оваа текстура е за корисниците кои го поставуваат компјутерот на посветло место, па отсјајот кој се појавува е доста помал. 

iMac со M4 добива и четири UCB-C приклучоци кои се со поддршка за Thunderbolt 4, а надградена е и камерата на 12 мегапиксели. Magic Keyboard и Magic Mouse како што се очекуваше сега се полнат со USB-C, па корисниците ќе можат да користат еден кабел за сите нивни уреди.

ИЗВОРApple
Претходна статија6.000 евра за развој на две победнички решенија за прочистување на воздухот
Следна статијаКорисниците на Apple конечно добиваат функции со генеративна вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.